Оваа година Меѓународниот комитет за правата на сексуалните работници во Европа (ICRSE) започнува кампања во која се повикуваат сите феминистки да ги поддржат сексуалните работници. Кампањата се фокусира на активизмот на сексуалните работници низ цела Европа и го потенцира повикот на организациите предводени од сексуалните работници низ цела Европа за целосна декриминализација на индустријата.
Штрајкот на сексуалните работници оваа година се очекува да привлече внимание поради фактот дека, иако купувањето и продавањето секс е легално во Англија и Велс, повеќето активности поврзани со трансакцијата се криминализирани. Да се работи заедно во затворено е нелегално, исто како и застапувањето. Сексуалните работници велат дека принудувањето да се работи сам, во изолирани области, ги прави поранливи на злоупотреба.
Во Велика Британија, сексуалните работници ќе бидат централен дел на штрајкот за време на Меѓународниот ден на жената, кој ќе кулминира со масовна демонстрација на плоштадот Сохо во Лондон на 8 март. Поддршката за движењето за права на сексуалните работници е на високо ниво, според организаторите на штрајкот:
„Пред десет години, главните феминистки беа во можност да ги игнорираат барањата на сексуалните работници кои повикуваа на декриминализација“, вели портпаролот Камил Барбагало. „Денес, Велика Британија има неколку пратеници кои ја поддржуваат декриминализацијата, а додека правото на синдикално здруживање на стриптизетите доведе до импресивни победи против експлоатативните клубови. Правата на сексуалните работници се важен дел на феминистичката агенда “.
Според пратеничката Надја Витом од Источен Нотингем:
“Сите работници треба да имаат право да се приклучат на синдикат и да организираат. Давањето на основните работнички права на сексуалните работници и отстранувањето на заканата од кривични санкции најдобро ја штити нивната безбедност и помага во справувањето со трговијата со луѓе, додека криминализирање на купувачите ја доведува индустријата под земја. За да се спречи експлоатацијата, на работниците треба да им се дадат опции. Ние мора да обезбедиме мрежа за социјална сигурност, да се справиме со сиромаштијатa, трошоците за живот и да обезбедиме можности за работа и образование за оние што ќе изберат да ја напуштат индустријата. “
Портпарол на Aнглискиот Kолектив на Проститутки (English Collective of Prostitutes) изјави дека феминистичката поддршка за декриминализација повеќе не треба да биде контроверзна.
„Мораме да се запрашаме зошто, во 2020 година, жените стануваат сè посиромашни и кога глобалното движење за сексуални работници се обедини по нивно барање за декриминализација, некои жени кои се нарекуваат феминистки вршат притисок кон нордискиот модел што го прави тоа потешко и поопасно за сексуалните работници да заработат за живот. Да се засилиме за зголемени полициски сили против нас и да молчиме додека остануваме беспомошни, воопшто не е вистински феминизам “.
Мигрантските бразилски сексуални работници, г-ѓа О и г-ѓа Р., споделуваа стан каде што беше извршена рација во септември 2019 година. Полицијата конфискувала 1.000 фунти од просториите, нивните телефони и лични документи за идентификација. Со поддршка од Aнглискиот Kолектив на Проститутки, обвиненијата за жени беа отфрлени.
„Бев преплашена кога полицијата дојде во нашиот стан и кога рекоа дека морам да одам на суд. Мислев, како сега ќе останам во Велика Британија и како ќе ги поддржувам своите деца? Кога слушнав дека случајот заврши и бевме слободни да си одимe, не можев да поверувам. Плачев и се смеев. Тоа беше како да тргнал голем облак од мене “.
Тања, 29-годишна сексуална работничка која работи од стан во Лондон:
“ќе дадам се од себе да не работам на Меѓународниот ден на жената. Имам деца за издржување, така што не е секогаш добра опција за мене да ја пропуштам работата, но ако сум во можност, ќе го исклучам телефонот на 8 март. Во секој случај, ќе бидам на плоштадот Сохо за митингот”
Во Норвешка, активистот за сексуални работници Лилит Сталесен е дел од годинашната кампања на ICRSE. Таа исто така изјави дека ја поддржува пораката за феминистичка инклузивност: „Потребна ни е поддршка од поголемата заедница за да обезбедиме права и заштита меѓу владите, бидејќи во спротивно ќе бидеме исчистени од постоењето“.