Политиката на канабисот се трансформира низ целиот свет. Бизнисите растат и од Тајланд до Канада и од Лесото до Франција, општествата се подготвуваат да го променат својот пристап и односот кон ова моќно растение и неговите многубројни намени.
Меѓутоа, меѓународните регулативи за канабис се сеуште некохерентни и застарени, бидејќи меѓународните договори на ОН сé уште го сметаат канабисот како штетна супстанца без медицинска вредност.
Генералното собрание на ОН на својата специјална сесија за светскиот феномен на дроги (UNGASS 2016) побара од сите заинтересирани страни (граѓанското општество, академијата, приватниот сектор и засегнатото население) да ја зголемат нивната вмешаност во дизајнирањето и ажурирањето на меѓународните политики за дроги.
Една година подоцна, Комисијата за наркотични дроги на ОН го повтори ова барање, експлицитно повикувајќи на обезбедување мислења за сесијата на високо ниво за политика за дроги во март 2019 година.
Интернационалната конференција за политиката на канабисот (International Cannabis Policy Conference) директно одговара на овие барања преку собирање на засегнати и заинтересирани страни за давање суштински придонеси за идните политики и регулативи за канабис, во согласност со целите за одржлив развој од 2030 година (SDGs).
Во организација на think-tank FAAAT, конференцијата ќе се одржи во седиштето на Обединетите нации во Виена, Австрија, од 7 до 9 декември 2018 година.
На 5-ти и 7-ми декември, CND ја одржува последната сесија каде може да се обезбедат инпути за сесијата на високо ниво за политика за дроги во март 2019 година. На 7 декември ќе се одржи предизборен настан во рамките на Обединетите нации. Дел од Конференцијата ќе продолжи на 8-ми и 9-ти декември преку улицата (Австрија Центар Виена), нудејќи простор и идеи за продолжување на дискусиите помеѓу носителите на одлуки, претприемачите и експертите.
Граѓанското здружение “Зелена Алтернатива” ќе земе учество на овој настан со план и идеи на здружението за реформите на глобалната политика за канабисот, поставени со корисникот на прво место и пред се. Глобалните регулации на канабисот мора да остават простор секоја држава да може да ги уреди регулативите за канабисот во рамките на својата држава, на најлиберално ниво и по модел кој одговара за потребите на корисниците од таа држава.
Граѓанското здружение “Зелена Алтернатива” ќе учествува на настанот и со свое изложбено место каде дополнително ќе ја претстави и ќе ги запознае присутните со работата на здружението во последниве пет години. Драго ни е што во вака важен момент ќе земеме учество и ќе допринесеме со нашите идеи во поставувањето на законите и регулативите на глобално ниво и ќе имаме можност да допринесеме за слободна употреба на канабисот, како основна цел на нашето здружение.
FAAAT, како главен организатор на овој настан, е независна непрофитна организација, и една од ретките лоби групи која постојано се фокусира на обврските на Обединетите нации да ги ажурираат своите политики за канабисот, со што ги едуцираат донесувачите на одлукиво државите. FAAAT успеа да ја доведе Светската здравствена организација да ја разгледа меѓународната класификација на Канабисот и нејзините застарени регулативи кои ги попречуваат основните права на здравјето и приватноста (како и домородните и правата на селаните) и ограничување на потенцијалот на поединците и заедниците да растат.
Конференцијата за канабис ќе ја разгледа состојбата на реформите и ќе предложи решение за оддалечување од анти-наркотичниот пристап, кон похумана и одржлива визија за канабисот во нашите општества, градејќи ја новата рамка што ја нуди ООН Одржливи Развојни цели. Агендата на ОН за 2030 година посредува за “свет на универзално почитување на човековите права и човековото достоинство, владеењето на правото, правдата, еднаквоста и недискриминацијата”.
Канабисот – и самото растение (коноп), како и социјалните и економските импликации на реформите на канабисот – е основен елемент кој треба да се разгледа за постигнување на агендата.
Сега е историски момент да се направи евалуација на потенцијалот на растението канабис што се применува на патот на агендата за одржлив развој и рамка на ОН. Ова, исто така, ќе помогне да се отворат вратите за поттикнување на руралните политики кои вклучуваат канабис во развојните стратегии на земјите и да го оддалечат дел од дискусиите поврзани со канабисот од пристапот против наркотици и таквиот начин на размислување.
Овој настан е невидена можност за да се вклучат реформите во градењето на политиките за канабисот и да се даде етичка и одржлива содржина. Работите се менуваат брзо: иднината мора да се изгради сега!