Хелсиншки Комитет за човекови права во партнерство со Станица П.Е.Т. и ХОПС дел од акциските грантисти на Цивика

0
Хелсиншки Комитет за човекови права во партнерство со Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп

Вкупен буџет: 2.599.154 МКД

Времетраење: 13 месеци

КОНСТИТУЕНТИ

Конституентите се разновидни во однос на неколку социо-демографски карактеристики како што се социјалниот статус, возраста, образованието, етничкото потекло и родот.

Меѓу конституентите се вбројуваат: претставници од руралните средини, Собрание, Влада, правосудните органи, локалните самоуправи, медиумите и образовните институции.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Интерсекциска дискриминација во С.Македонија

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Оваа акција има за цел да ги унапреди човековите права преку доследно спроведување на законските решенија за борбата против дискриминацијата и со тоа процесот на пристапување на државата во Европската Унија.

Во сржта на предлогот се интегрира Пристапот заснован на човекови права преку воведување на интерсекциски преглед на темата со особен осврт кон најранливите категории во општеството.

Овој иновативен пристап ќе овозможи и зајакнување на бесплатната правна помош што партнерите им ја пружаат на своите корисници.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел:

Зајакнување на граѓанското учество преку вклучување на граѓанските организации во креирањето и донесувањето на одлуки во областа на заштитата од дискриминацијата во Република Северна Македонија.

Специфична цел/и:

Воспоставување на систем за мониторинг на политиките и легислативата од областа на заштитата на дискриминацијата, со посебен фокус кон работата на новата Комисија за спречување и заштита од дискриминација преку развој на иновативни методи за разбирање на интерсекцискиот пристап кон дискриминацијата.

РЕЗУЛТАТИ

  • Зајакнати внатрешни капацитети за примена на иновативни методи за интерсекциска дискриминација, особено преку вкрстување на податоците од партнерските организации;
  • Воспоставен редовен мониторинг систем за следење на примената на Законот за спречување и заштита од дискриминација и постапувањето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација базиран врз докази;
  • Информирана јавност за новитетите од политиките и легислативата за заштита од дискриминација и унапреден систем на бесплатна правна помош во областа од дискриминацијата.

АКТИВНОСТИ

  1. Прелиминарно мапирање;
  2. Избор на надворешен експерт за подготовка на методологија;
  3. Обука за примена на интерсекциска методологија;
  4. Спроведување на базичен комбиниран прашалник за ранливите и маргинализирани заедници;
  5. Организирање на виртуелен форум(и) со телата надлежни за спроведување на политиките за заштита од дискриминација;
  6. Организирање на регионални фокус групи;
  7. Квартален мониторинг – преку кратки документи за јавна политика;
  8. Инфографици;
  9. Дигитален пренос на наоди;
  10. Унапредување на бесплатната правна помош;
  11. Подготовка на финална публикација;

Веб страна

 

Leave A Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.