По првите безбедносни соби за инјектирање на дроги во Канада, кои беа поставени во Ванкувер, а подоцна со одобрени локации и Монтреал и Торонто, следи Калгари. Привремен објект ќе се отвори наскоро во зоната на паркирање на здравствен центар Шелдон М. Чумир, додека не се изгради постојан објект.
Здравство Алберта, велат дека пациентите ќе можат да добијат третман, вклучително и субоксон, метадон и советување. Доказите покажуваат дека надгледуваните соби за инјектирање спасуваат животи, го намалуваат преносот на инфекции преку обезбедување на стерилни игли и опрема и градат побезбедни заедници преку намалување на јавната употреба на супстанции и отфрлање на игли.
Минатата недела, Здравство Канада, одобри четири безбедни локации за за соби за безбедно инјектирање за Едмонтон и еден за Летбридж, а тие се очекува да се отворат подоцна оваа година или почетокот на следната година.
Џесика Холтсбаум, од групата „Промена на лицето на зависностите“, изјавила дека е одлична вест иако е задоцнет чекор, но во вистинската насока.
За почеток самата провинција обезбедила 2,2 милиони долари за почетни трошоци и за изградба на привремени и постојани локации во здравствениот центар Чумир. Исто така ќе се обезбеди оперативно финансирање за сите шест надгледувани локации за потрошувачка одобрени за Алберта.
Од средината на август, 315 луѓе починале од преголема доза на фентанил во Алберта. Во провинцијата минатата година имало 586 осомничени смртни случаи поврзани со опиоидите. Минатиот месец, д-р Тереза Там, главен секретар за јавно здравство во Канада, изјави дека најмалку 2.816 канаѓани починале од причини поврзани со опиоидите во 2016 година и тој број се очекува да расте оваа година.