Заради стигмата и предрасудите кои ги следат луѓето кои употребуваат дроги, многу матични лекари одбиваат или изнаоѓаат различни изговори за да не ги запишат како свои матични пациенти. Ваквата дискриминаторска пракса, на луѓето кои употребуваат дроги им го ускратува уставно загарантираното право на здравствена заштита која треба да ја добие секој граѓанин независно од неговата раса, боја на кожа, пол, род, етничка припадност, вера, образование, социјален статус, припадност на маргинализирана заедница, здравствена заштита или имотна состојба.
За време на пандемијата од Ковид-19 на луѓето кои употребуваат дроги, а кои немаат матични лекари, дополнително им беше отежнат пристапот до здравствена заштита, како што е правото на лекување, правото на вакцинација итн.
Здравствените услуги треба да се постојано достапни и пристапни за сите пациенти подеднакво и без дискриминација.
Видеото е изработено во рамките на проектот “Прекршувања на здравствени права на луѓето кои употребуваат дроги поврзани со бариерите при пристап до третман и други здравствени услуги, вклучувајќи и намалување на штети за време на Ковид-19” кој е финансиски поддржан од Eurasian Harm Reduction Association (EHRA) и Robert Carr Fund for civil society networks (RCF), реализирано од Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје.
#ЛекувањетоЕПравоНеПривилегија!