Фондацијата Отворено општество – Македонија заедно со партнерските организации Станица ПЕТ и ХОПС организира Завршна конференција на проектот “Пристап до правда за најмаргинализираните”. Конференцијата ќе се одржи на 30-ти септември 2021 година (четврток) со почеток од 10 часот и истата ќе биде пренесувана на платформата Зоом на следниот линк https://zoom.us/j/91503314900…. Meeting ID: 915 0331 4900
Passcode: 064233
Passcode: 064233
На конференцијата ќе бидат презентирани резултатите и наодите од имплементацијата на проектот, како и наодите од Извештајот за имплементација на Законот за бесплатна правна помош, Анализата за имплементацијата на ЦОР 16.3 во националното законодавство и Извештајот за прекршени човекови права на маргинализираните заедници преку студии на случај.
AГЕНДА
10.20-10.35 Воведни обраќања
10.35-11.45 Презентација на постигнати резултати и најчести прекршувања на човекови права во време на пандемија
11.45-12.15 Пауза
12.15-13.15 Имплементација на Законот за Бесплатна правна помош и Целта за одржлив развој (ЦОР) 16.3 на национално ниво
13.15-13.30 Дискусија——————
Проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“ е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија, ХОПС-Опции за здрав живот Скопје и Здружението за правна едукација и транспарентност – Станица П.Е.Т. од Прилеп.