Од 10.08 до 22.08 се одржа летниот камп за деца во Маврово, кој што е организиран од страна на Проект Среќа. Вкупно 9 дечиња од ХОПС, распределени во две смени, беа дел од ова летно уживање.
Децата секој ден имаа можност да се стекнат со нови знаења, да запознаваат и формираат нови пријателства, да се дружат, забавуваат, спортуваат и креативно да се изразуваат. Исто така се запознаа и со природните убавини на Маврово, берејќи шумски плодови и посетувајќи ја потонатата црква. Големо задоволство за нив беа и водените лудории и спа центарот во хотел Бистра.
Дечињата во летниот камп имаа можност да се запознаат и дружат со спортисити, уметници, пејачи, глумци, водители, како што се ракометарите на РК Металург, кошаркарите Младен и Стојан Ѓуроски, Војо со неговите миленици (влекачите), Влатко Лозаноски, Наде Молеровиќ ( мотивационен говорник), Елена Стефановска (водител), Гораст Цветковски (актер), Игор Џамбазов.
Дечињата сѐ уште се под импресии од ова неверојатно искуство за нив, родителите бескрајно благодарни на тимот на ХОПС и Проект Среќа за оваа можност и едвај чекаат да дојде следното Шарено лето.