Анабела (20) за прв пат стапила во контакт со дрога уште кога била тинејџер и брзо потоа станала зависник од хероин. Таа упорно се труди да стави крај на нејзината борба со хероинот, но тешко и оди бидејќи се бори да најде пријателски здравствени услуги кои ќе и помогнат во нејзината борба.
„Мајка ми ме остави со баба ми кога бев дете. Таа сега живее во Шведска и татко ми е во Данска. Живеев во поголемо семејство, но никогаш немаше со кого да разговарам кога бев тинејџер за моите проблеми, освен само со неколку пријатели кои подоцна ми понудија дрога“. – Анабела
Полицијата редовно прави рации на оние места за кои што знае дека има дрога. Доколку корисниците на дрога имаат информација дека рацијата ќе се случи, тие ќе заклучат сè и ќе заминат. Но, многу често се случува тие да не се информирани и кога ќе пристигне полицијата, тие се опколени, тепани и фрлени во полициски возила за да ги носат во притвор – а многумина се и сериозно повредени. Полицијата не прави разлика дали во моментот на рацијата поседуваш дрога или не. Ниту едно однесување не треба да биде казнувано со ваков нехуман третман. Корисниците на дрога имаат права и заслужуваат фер третман од страна на полицијата како и секое друго човечко суштество.
„Кога мојата баба откри дека користам дрога, таа ми рече да го напуштам живеалиштето, ме избрка без да ми понуди никаква помош. Јас тогаш имав само 16 години. Денес живеам во гето, бидејќи е подобро отколку да живееш на улица.
Никој не го слуша нашиот глас, но и ние сакаме и треба да добиеме грижа, треба да бидеме сакани, ни требаат родители за да нѐ водат низ животот. Наместо тоа, штом ќе го напуштиме гетото, ризикуваме да бидеме уапсени. Единствен избор кој го имаме во животот ни е да бараме начин да дојдеме до дрога и да нудиме сексуални услуги за да дојдеме до пари.” – Анабела
Зависноста од хероин и ХИВ тестирање
„Ми требаат три дози хероин дневно. Секоја доза чини помеѓу 15-20.000 угандски шилинзи[4-5 долари]. Недостатокот на хероин ме доведува до лудило. Принудена сум да одам на улица за да заработам пари, продавајќи секс услуги. Јас заработувам 2-3000 угандски шилинзи [0,5-1 долари] доколку клиентот користи кондом, а 12-15,000 угандски шилинзи [3-4 долари] за “жив секс” [секс без кондоми]. Го знам ризикот, но хероинот ми е поважен.“ – Анабела
„Редовно се тестирам за ХИВ во здравствената установа затоа што пораснав со таа рутина. Но, во гетото каде што живеам, многу луѓе се откажале од животот. На пример, корисничка на дрога која што ја познавам е позитивна, но таа не оди на лекување, бидејќи таа не се грижи, едноставно се има откажано од животот. Исто така, кога одите на клиниката тие ве советуваат да јадете здрава храна кога земате антиретровирусни лекови, но ние немаме пари за храна. Парите што ги добиваме ги користиме за да купиме дрога.” – Анабела
„Неодамна, бев уапсена кога полицијата изврши рација во касарната. Честопати сме апсени од страна на полицијата, навикнати сме. Ние сме третирани како да не сме човечки суштества. Во полициската станица нѐ нарекуваат наркомани, и сме често претепани и многу долго нѐ задржуваат во ќелиите. Мојата пријателка “С”, која живее во истото гето како мене, остана во затвор речиси пет месеци. Еднаш на суд, ја ослободиле поради тоа што немале докази дека таа употребувала дрога. Овој пат имав среќа, еден претставник од Мрежата за намалување на штети од употреба на дроги од Уганда (УХРН) слушнале за мојот случај и ми помогнаа да не одам во затвор, заедно со уште девет други луѓе.“ – Анебела
Борбата за пристап до здравствената заштита
„Имав бебе. Не можев да се грижам за детето, па го дадов на татко му. С, исто така, имаше бебе, но нејзината свекрва го зеде. Оттогаш таа престана да добива менструални циклуси и вели дека нема повеќе сексуални чувства. Таа сака да и се врати менструалниот циклус, но таа нема од кого да се информира. Кога ни треба здравствена заштита, ако имаме пари, медицинската сестра ќе разговара со нас. Но во спротивно медицинскиот персонал ќе нѐ игнорира или ќе нѐ прекори.” – Анебла
„Кога имам кризи, сакам да се откажам од хероин, но се плашам дека ќе умрам. Потребно е време за да се откажеш и кога имаме кризи болката е толку силна, немаме време. Доколку отидам на програм за рехабилитација, по завршувањето ќе немам каде да одам и знам само дека повторно ќе почнам да користам дрога. За мојот живот да се промени, ми треба некој со кого ќе можам да разговарам, некој кој ќе се грижи за мене.” – Анебела
“Би сакала насилството да престане и да ни биде овозможен пристапи до метадон и да добиваме пријателски здравствени услуги. Ми треба засолниште и некој да ми даде нова шанса и работа. Сакам да бидам прифатена од заедницата. Си го сакам мојот живот назад.” – Анабела
Како Уганда помага за намалување на штети од употреба на дрога
УХРН, граѓанска мрежа на организации создадени од луѓе со искуства за употреба на дрога, работи со Анабела и други млади жени кои користат дроги, охрабрувајќи ги отворено да зборуваат и да бараат здравствени и социјални услуги кои што им се потребни.
УХРН работи во неколку региони во Уганда, мобилизирајќи, сензитивизирајќи и поврзувајќи ги луѓето кои користат дроги за здравствените услуги и центрите за рехабилитација.
Мрежата, исто така, се залага за правата на луѓето кои користат дроги да бидат почитувани. Таа се бори за луѓето кои користат дроги да бидат вклучени во дизајнирањето и спроведувањето на програмите за да бидат подобро распоредени за ефикасно задоволување на потребите и приоритетите на луѓето.
УХРН соработува со носителите на одлуки за реформа на политиките за дроги. Доказите што ги презентираше за реалноста со кои се соочуваат луѓето кои користат дроги придонесоа за одлуката на владата да воведе програми за намалување на штетите во Уганда. Во март 2018 година, УХРН ја започна првата програма за размена на опрема во Уганда и планира да отвори место за третман со метадон во Кампала во септември 2018 година.
Интервју од Медина Гифт, Мрежа за намалување на штети од употреба на дроги, Уганда
Алијансата за ХИВ/СИДА има стратешко партнерство со Мрежата за намалување на штети од употреба на дрога од Уганда, фондација за СИДА и Холандското министерство за надворешни работи како дел од пет годишниот ПИТЧ проектот.