Овој документ го опишува процесот на застапување за подобрување на програмите за лекување зависности од дроги во Скопје, финансирани од државниот буџет, што Здружението ХОПС – Опции за здрав живот и Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ почнаа да го спроведуваат во 2012 година и продолжија со збогатени активности во 2013 година.
Тековното мониторирање на процесот на застапување овозможи појасен увид во дел од факторите што го засегаат застапувањето: 1. се идентификуваа дел од институционалните бариери што го отежнуваат застапувањето; 2. се стекна појасен увид за мотивираноста на заедницата за застапување на сопствените интереси; 3. се стекна појасен увид за влијанието на меѓучовечките односи врз застапувањето; 4. се изврши процена на ефикасноста на напорите за застапување, што помогна за корекција на постоечките и развивање нови пристапи во застапувањето за подобрување на квалитетот на програмите за лекување на зависности од дроги во Скопје.
Увидувањето на понапред наведените фактори ја оправда главната цел на мониторингот од/во заедницата чија намера беше да се оцени ефикасноста на напорите за застапување и да се развијат нови пристапи во застапувањето за подобрување на квалитетот на програмите за лекување зависности од дроги во Скопје. Целата публикација може да ја симнетеЗастапување од/во заедницата за подобрување на квалитетот на програмите за лекување на зависности од дроги во Скопје.