Европскиот мониторинг центар за дроги и зависности од дроги (ЕМЦДДА) со седиште во Лисабон во соработка со Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) го започна „Европското веб истражување за дроги” 2021 за да ги процени начините на употреба на дроги во 30 држави.
Дали употребувате дроги, колку, колку често? Ова се меѓу прашањата поставени во најновото Европско веб истражување за дроги, промовирано денеска од ЕМЦДДА. Истражувањето ги таргетира лицата кои што имаат 18 години или повеќе, кои користеле дрога и има за цел да ги процени начините на употреба на дрога во Европа и да помогне во креирањето на идните политики и интервенции за дрога, се наведува во соопштението од ИЈЗ.
Истражувањето е доброволно и анонимно и едно од таргетираните методи за мониторинг на Агенцијата. Оваа година ќе се спроведе во 30 држави. Како и претходните години, истражувањето ќе биде промовирано преку Reitox мрежата и нејзините партнери, како и преку реклами на социјалните медиуми.
Новина е што оваа година на истражувањето ќе му се приклучат и државите од Балканот, како и други држави кои не се дел од Европската Унија, преку Инструментот за претпристапна помош (IPA 7) и (EU4MD) проектите.
Веб базираните анкети имаат предност во тоа што допираат директно до луѓето кои што користат дрога. Тие се ефтини и брзи за поставување, брзо обезбедуваат нови податоци и помагаат во обележување на новите трендови. Доколку некои прашања се употребени, заедно со ригорозни процеси на превод, тогаш овие истражувања можат да овозможат меѓунационални споредби.
Новиот прашалник кој што ќе биде во оптек шест недели, е структуриран во модули за: социо-демографски податоци, начини на употреба на дрога, пристап до третман, пристап до дроги (вообичаените цени) и како Ковид-19 влијаел на начините на употреба на дрога. Резултатите ќе допринесат за креирање на значајни бази за практиките за користење на дрога во Европа и за количините на дрога која што се употребува. Ова ќе помогне да се подобрат проценките за големината на пазарот на национално и европско ниво и да се придонесе за развој на политиките пошироко, се наведува во соопштението што го лиферуваше ИЈЗ.
Иако веб-анкетите не се репрезентативни за општата популација, кога се внимателно спроведени и комбинирани со традиционалните методи за собирање податоци, тие можат да помогнат да се создаде подетална, реална и навремена слика за употребата на дрога и пазарите на дрога во Европа. Како такви, тие се клучни во одговорноста на ЕМЦДДА кон проблемот со менување на дрогите.
Во Република Северна Македонија истражувањето го спроведува Инстиутот за јавно здравје на РСМ во соработка со Министерството за здравство на РСМ.
Со цел полесно споделување на прашалникот креирана е фејсбук страна со детални информации наречена: Европско веб истражување за нелегални супстанци 2021 .
Прашалникот е поставен на линкот и е достапен на македонски, албански и англиски јазик.