Заменик градоначалничката на Париз, предложила отворање на четири нови безбедни соби за консумирање дроги во градот, како и автобус во кој луѓето ќе можат да пушат крек.
Собите за консумирање на дроги (DCRs) обезбедуваат безбедна и стерилна средина на корисниците на дроги и присуство на здравствени работници. Тие исто така им овозможуваат на маргинализираните групи, особено на бездомниците, пристап до здравствената заштита и информации за опциите за третман за кои не се свесни.
Во Франција постојат веќе две безбедни соби за инјектирање, една во болницата Ларибоисере во Париз, каде секој ден доаѓаат околу 165 корисници на дроги и друга во градот Стразбур.
Заменик градоначалничката Соурис предложила да се отворат уште четири соби за безбедно консумирање на дроги во Париз, како и воведување на автобуски сервис кој ќе функционира како мобилна соба за консумирање дроги. Во моментов, DCRs во Франција се наменети за луѓе кои инјектираат дрога како што е хероин, но предложениот автобус првенствено би бил за луѓе кои пушат крек. Од официјални проценки, се смета дека околу 500 луѓе јавно пушат крек на различни локации во Париз.
Користењето на крек станува сè поприсутно во Париз, луѓето кои користат крек можат законски да го сторат тоа во постојните DCRs, ако претходно инјектираат дрога, што значи дека луѓето кои пушат крек, но не инјектираат други дроги не можат да ги користат објектите.
Бенџамин Жанро, коосновач и шеф на организација за политики за дроги во акција “ЕХО“, изјави за “TalkingDrugs” дека актуелните политики не успеваат ефективно да се справат со употребата на крек во Париз: „Постојат неколку метро станици во градот каде што многу луѓе користат крек. Ова е небезбедно за луѓето кои користат крек, а исто така може да го нарушат мирот. Треба да ги извлечеме луѓето надвор од станиците, но тоа нема да го реши проблемот, тоа само ќе ги смени луѓето. Единствено решение е да имате посигурни места за луѓето да користат крек. Предложениот автобус е брилијантна идеја ако се направи правилно “.
Жанро сепак поради политичката атмосфера, не верува дека овие идеи би биле прифатени.
Извор: Викимедија