Aктуелната законска рамка не забранува, но и не нуди јасна можност за проверка/анализа на составот на супстанциите кои се употребуваат, а сè почесто се присутни на нелегалниот пазар на дроги и психоактивни супстанции. Токму затоа воспоставувањето на услугите за проверка/ тестирање наметнува потреба од конкретни измени во законската рамка, како и креирање на јасна и унифицирана пракса на надлежните институции на национално и локално ниво за да се обезбеди безбедно функционирање на програмата и да им се овозможи на луѓето кои употребуваат дроги да ја тестираат супстанцијата без да бидат кривично гонети.
Ставовите изразени во ова видео се само на авторите и не мора да ги одразуваат ставовите на Евроазиската асоцијација за намалување на штети и Фондацијата Роберт Кар.