Со новиот Закон се очекува да се обезбеди поефикасна заштита од дискриминација при имплементацијата на истиот.
Се прошируваат основите за дискриминација, се менува и подобро се дефинира поимникот и дефиницијата за дискриминација, се професионализира Комисијата за заштита од дискриминација и се менува називот и надлежноста на комисијата во Комисија за спречување и заштита од дискриминација, која ќе треба да работи и на превенцијата освен на заштита. Се доуредуваат надлежностите на комисијата, начинот на избор и условите за избор на членови. Се воведува одредба за користење на нови докази во судските постапки и action popularis. Исто така се предвидува и ослободување од судски трошоци во судските постапки.
Целта на овој закон е обезбeдување на принципот на еднаквост и спречување и заштита од дискриминација во остварување на човековите права и слободи. Со овој закон се уредуваат превенцијата и забраната од дискриминација, облиците и видовите на дискриминација, постапките за заштита од дискриминација како и составот и работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.