- ЗАКЛУЧОК:
Ковид пандемијата ги потенцираше проблемите кои произлегуваат од нереализираната децентрализација на програмите за лекување на зависности, како во главниот град Скопје, така и во целата држава, но исто така беше причина одредени промени да се случат брзо, како на пример децентрализација на супституциската терапија со бупренорфин. Оваа терапија претходно беше достапна само во Скопје, а поради пандемјата и ограничувањето на движењето се децентрализираше на поголем дел од територијата на државава. За разлика од овој позитивен пример, мерките за ограничено движење во Скопје, поради редуцираниот јавен превоз, особено неповолно се одразија на луѓето кои живеат во поодалечени населби и рурални места и значително им го отежнаа пристапот до терапија за лекување на зависност.
ПРЕПОРАКИ:
- Во кризни и вонредни систуации кога ќе се креираат и донесуваат одредени мерки, државата и донесувачите на одлуки мора особено да водат сметка како таквите мерки ќе се одразат на маргинализираните и ранливи категории со цел дополнително да не ги дискриминираат и да им го отежнат остварувањето на пристапот до здравствена заштита и правото на лекување.
- Неопходно е државата и надлежните институции да ги земат во предвид поуките произлезени од искуствата со пандемијата и веднаш да започнат со воспостаување на функционален и одржлив модел за децентрализација на програмите за лекување од зависност како истите би биле подостапни и попристапни за луѓето кои се лекуваат од зависности и кои ќе придонесат за нивна подобра рехабилитација, ресоцијализација и реинтеграција во општеството.
2.ЗАКЛУЧОК:
Некохерентните здравствени и политки за дроги во услови на пандемија дополнително се нагласија и во пристапот до останати здравствени услуги за луѓето кои употребуваат дроги, а кои поради употребата на дроги, покрај зависноста се соочуваат и со други здравствени проблеми. Постои некохерентна политика за дроги и здравствена политика. Така, поради неможноста да пристапат до здравствена грижа за здравствени сосотојби неповрзани директно со ковид или зависност, кај многу луѓе особено оние кои подолготрајно употребуваат дроги, настана сериозно влошување на здравстевната состојба. Другиот ограничувачки проблем кој поради пандемијата дополнително се потенцираше, беше недостапноста и непристапноста до матични лекари поради постоење на стигма и дискриминација, што го отежна пристапот до лекување на други болести вклучително и Ковид-19.
ПРЕПОРАКИ:
- Неопходно е итно решавање на проблемот со постоење на матични лекари на територија на Шуто Оризари, кое нешто сериозно се одразува на пристапот до здравје за сите жители кои живеат во таа општина, а особено неповолно се одразува на луѓето кои употребуваат дроги.
- Да се преземат сериозни и одржливи мерки во насока на дестигматизација и недискриминација преку сензибилизација на матичните лекари со цел луѓето кои употребуваат дроги да имаат еднаков пристап до здравствена примарна, секундарна и терциерна заштита исто како сите останати луѓе во земјава.
3.ЗАКЛУЧОК:
Пристапот до здравствени услуги за луѓето кои употребуваат дроги, а кои се на издржување на затвор како за лекувањето на зависноста, така и за други здравствени состојби е отежнат во одредени казнено-поправни установи. Овој проблем се потенцира со нерегулирањето во пракса на статусот на осигуреници во здравствено осигурување за луѓето кои издржуваат казна затвор, а со тоа и на нивните семејства кои се надвор од пенитенцијарниот систем. Друг проблем е недостаток на соодветна психо-социјална поддршка, како во насока на рехабилитација и ресоцијализација, така и во насока на реинтеграцијиа во општеството по излегување.
ПРЕПОРАКИ:
- Неопходно е итно решавање на проблемот со недостиг на медицински кадар и медицинска опрема во одредени казнено-поправни установи, кој недостаток особено неповолно се одразува врз луѓето кои употребуваат дроги, кои почесто имаат влошена здравствена состојба поради историјата на употреба а дроги или зависност.
- Исто така од особена важност е воспоставување на меѓусекторска соработка помеѓу надлежните институции (Министерство за правда и Министерство за здравство) во овозможувањето на функционално здравствено осигурување како луѓето кои употребуват дроги, а се на издржување казна затвор и нивните семјства да не останат без здравствено осигурување и здравствена заштита.