Заклучоци од регионална средба “Деца кои употребуваат дроги”

0

На 28.04.2021 ХОПС- Опции за здрав живот Скопје ја организираше  регионалнате средба на тема Деца кои употребуваат дроги. Свои излагања на темата имаа проф.  д-р Лилјана Игњатова професорка на Медицински факултет во Скопје, Катедра по психијатрија, и раководителка на центарот за превенција и третман на зависности од дроги, Република Северна Македонија, Еранда Бериша– центар за социјална работа Приштина, Косово, Скерди Захај, консултант во „Иницијатива за социјални промени“ АРСИС од Албанија, Марија Мијовиќ социјален работник во НВО Јувентас од Црна Гора и Денис Дедајиќ, НВО Маргина од Босна и Херцеговина.

Од презентациите на сите говорници може да се заклучи дека се зголемува стапката на деца и млади кои употребуваат дроги и други психоактивни супстанци. здравствените и другите надлежни институции немаат соодветен одговор за ова прашање, и во сите земји во регионот целосно изостануваат соодветни програми за лекување на деца кои употребуваат дроги.

Препораки:

  • Да се искористат добрите пракси од земјите каде постојат програми за лекување и грижа на деца и млади кои употребуваат дроги
  • Да се изготват и усвојат соодветни програми за лекување на деца и млади кои употребуваат дроги
  • Да се зајакне партнерската соработка помеѓу граѓанските организации и здравствените и социјалните институции во донесување политики и обезбедување сервиси за деца  кои употребуваат дроги

 

Leave A Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.