Од Мрежа за заштита од дискриминација и Комисија за спречување и заштита од дискриминација Ве покануваме на онлајн-конференција која се организира со цел зајакнување на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во промоцијата и заштитата на човековите права во Република Северна Македонија.
Конференцијата се организира во рамки на проектот „Мрежа за заштита од дискриминација: Здружена акција за унапредување на еднаквоста и социјалната правда на маргинализираните заедници“, поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија.
Целта на настанот е да се укаже на итната потреба за обезбедување на предуслови за работа на ова тело за еднаквост, промоција на неговата работа и обезбедување поддршка и соработка со останатите клучни актери во заштитата на човековите права.
Изминаа три месеци од усвојувањето на Одлуката за избор на членови од страна на Собранието на РСМ, а Комисијата се соочува со бројни предизвици во воспоставувањето на институцијата, кои е потребно итно да се надминат со цел институцијата успешно да ги реализира своите надлежности, да прерасне во препознаено и релевантно тело за еднаквост и фактички да придонесе кон унапредувањето на еднаквоста и човековите права на граѓаните.
За учество на конференцијата можете да се приклучите преку на следниот линк, кој ве носи до настанот на ZOOM платформата: https://us02web.zoom.us/j/85938258856#success
Настанот ќе биде пренесен и во делот Дискусија, а ќе биде објавен во живо и на Фејсбук страницата на Мрежата за заштита од дискриминација.