Вработените во WITNESS, Рајан Каутц и Виолета Красниц допатуваа во Македонија, да обезбедат обуки и да го олеснат формирањето на Македонскиот тим за видео застапување.
На првата обука која го одразува нашиот нов модел на кампања, WITNESS соработува со ХОПС и со организациите членки на Мрежата за намалување на штети. Оваа видео кампања претставува застапување за борба против стигмата и дискриминацијата на широк спектар на заедници. Тимот ќе служи како фокусна точка во развивање и имплементирање на видео-стратегии за застапување насочени кон оспорување на новиот усвоен закон за антидискриминација, поттикнување на граѓанското општество и мобилизирање на засегнатите заедници за да бараат правни и политички измени од македонските власти.
(C2010)