Објавен е вториот повик за акциски грантови во рамки на Цивика мобилитас.
Заинтересираните здруженија, фондации и сојузи може да се пријават за учество на информативната сесија која ќе се одржи на 13 февруари 2020 година во просториите на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Тимот на Цивика мобилитас подетално ќе информира за повикот, за тоа што се очекува од овој тип на грантисти, кои трошоци се подобни, што содржи пријавата, а ќе одговори и на прашањата и/или дилемите кои произлегле од подготовката на вашата апликација. Повикот за акциски грантови е отворен до 3 март 2020 г.
>>> ПРИЈАВИ СЕ НА http://bit.ly/akt05info <<<
Повеќе информации за повикот се дадени на https://civicamobilitas.mk/povici/cm-act-05/