Научниците одамна се обидувале да ја повторат истата постапка што довела до првата долгорочна ремисија пред 12 години. Со таканаречениот пациент Лондон, се чини дека успеале.
По втор пат од почетокот на глобалната епидемија, пациентот бил излечен од инфекција со ХИВ вирусот, кој предизвикува СИДА.
Вестите дошле скоро по 12 години, откако првиот пациент за кој се знае дека бил излечен, подвиг што истражувачите долго време се обидувале и не успевале да го повторат. Изненадувачкиот успех сега потврдил дека лек за ХИВ инфекцијата е возможен, иако било тешко, изјавиле истражувачите.
Јавно, научниците го опишале случајот како долгорочна ремисија. Во интервјуата, повеќето експерти го нарекувале лек, со предупредување дека било тешко да се знае како да се дефинира зборот кога има само два познати случаи.
И двата случаеви резултирале од трансплантација на коскена срж што им се дававала на заразените пациенти. Но, трансплантацијата имала за цел да го лекува ракот кај пациентите, а не ХИВ вирусот.
Трансплантацијата на коскената срж во блиска иднина веројатно нема да биде реална опција за третман. Моќните лекови сега се достапни за контрола на ХИВ инфекцијата, додека трансплантациите се ризични, со груби несакани ефекти кои би можеле да траат со години.
Но, реорганизирањето на телото со имуни клетки слично модифицирани за да би било резистентно на ХИВ, би можело да успее како практичен третман, изјавиле експертите.
“Ова ќе ги инспирира луѓето дека лекот не е сон”, изјавила д-р Анмари Венсинг, виролог во Универзитетскиот медицински центар Утрехт во Холандија. “Достапно е.”
Новиот пациент избрал да остане анонимен, а научниците го нарекле “Лондонски пациент”.
“Имам чувство на одговорност да им помогнам на лекарите да разберат како се случило за да можат да ја развиваат науката”, изјавил тој за “Њујорк тајмс”.
На конференција во 2007 година еден германски лекар го опишал првото лекување на таканаречениот “Берлинскиот пациент”, подоцна идентификуван како Тимоти Реј Браун, 52, кој сега живее во Палм Спрингс, Калифорнија. Таа вест, прикажана на постер на задниот дел од конференциската сала, првично добила малку внимание. Откако станало јасно дека г-дин Браун бил излечен, научниците почнале да го повторуваат неговиот резултат на други пациенти заболени од рак и инфицирани со ХИВ вирусот.
Трансплантациите биле од донатор со мутација на протеин наречен ЦЦР5, кој се наоѓал на површината на одредени имуни клетки. ХИВ вирусот го користи протеинот за да влезе во тие клетки, но не може да се приклучи на мутираната верзија.
Г-дин Браун добил остри имуносупресивни лекови од еден вид кои повеќе не се користеле и претрпел интензивни компликации неколку месеци по трансплантацијата. Тој се бил во индуцирана кома во еден момент и речиси умрел.
“Тој беше навистина преморен од целата постапка”, изјавил д-р Стивен Дикс, експерт за СИДА на Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско, кој го лекувал Браун. “И така секогаш сме се прашувале дали сето тоа уредување, масовно уништување на неговиот имунолошки систем, објаснило зошто Тимотеј бил излечен, но никој друг”.
Лонодонскиот пациент одговорил на тоа прашање: Не е потребна блиска смрт за постапката да би функционирала.
Иако на Лондонскиот пациент состојбата не му била толку лоша како онаа на Браун по трансплантацијата, процедурата функционирала на истиот принцип: Трансплантацијата го уништила ракот без штетни несакани ефекти. Трансплантацијата на имуни клетки, сега отпорни на ХИВ, се чини дека целосно ги замениле своите ранливи клетки.
Целиот текст можете да го прочитате тука.