Вториот Европски форум за Хемсекс, организиран од страна на Меѓународните партнерства за ХИВ, кој се одржа во Берлин од 22-24 март, повика на конкретни акции на локално ниво, за да обезбеди стратешки ресурси на клучната заедница. Целта на Форумот е да се развие платформа за вклучување во меѓународен, меѓусекторски, мултидисциплинарен дијалог околу хемсексот, кој е дефиниран со употреба на специфични дроги (“Chems”) во сексуален контекст и да се олеснат координирани одговори на прашања поврзани со хемсексот во локалитети каде што штетата поврзана со хемсекс е проблем, без оглед на нејзината големина и влијание.
Јасни водечки принципи за вториот Форум е фокусирањето на проблематичниот хемсекс, а не на употребата на дрога и сексот сам по себе.
Организаторите на конференцијата признаваат дека се случуваат разни штети поврзани со хемсекс, вклучувајќи ХИВ, хепатитис и ко-инфекции, СПИ, преголема доза на дроги, депресии, силувања и смртни случаи и дека задачата треба да биде, решавање на овие штети подлабински и да не се прават генерализации за употребата на дроги или сексуалното однесување.
Форум програмата се фокусира на 3 клучни области на работа: терапевтски одговори, градење на тим и собирање на информации.
Форумот нуди платформа, каде што различните засегнати страни, професионални и поединци може да разменуваат искуства и практики со цел подобро да се одговори на прашања кои доаѓаат со овој нов феномен. Трите дена на форумот се состоеа од ден на обука за дроги и сексуални искуства, проценка на ризик, модели на промени во однесувањето и запознавање со мотивациони советувања, нагласувајќи ја важноста на мултисекторскиот пристап, ангажирањето на заедницата и културната компетентност. Следните денови ден на податоци и докази и ден на мобилизација на заедницата во кој беа прикажани најновите податоци за хемсекс и работилници за мултидисциплинарен тим за градење и собирање информации.
За Југоисточна Европа, хемсекс е сосема нов феномен во споредба со другите европски региони. Мрежата за политики за дроги во Југоисточна Европа ја претставија Ирена Молнар, Ивица Цековски од ХОПС и Антониос Пулиос, од Позитивен глас.
„Вториот Европски форум за хемсекс, беше огромна можност за учење за успесите и предизвиците на одговорот на проблематичниот хемсекс. Во моето искуство, еден од најинтересните и најинформативните настани кои нудат клучни информации во врска со информациските празнини, како и здравствени, социјални и правни димензии околу овој феномен “. – Ивица Цековски
„Во Македонија имаме многу малку информации за зачестеноста на употребата на дрога во сексуален контекст, како и за соодветни интервенции за поддршка на луѓето на кои им е потребна. Ова е и покрај фактот дека доказите покажуваат дека ситуацијата може да не се разликува многу од другите европски земји. Затоа итно да почнеме да зборуваме за хемсекс во ЈИЕ и да започнеме со проценка на потребите кои ќе ни помогнат да дизајнираме и спроведеме соодветни и добро насочени програми за благосостојбата на клучните популации. ” – Ивица Цековски