Со големо задоволство ве покануваме на Изложбата на постер дизајн решенија за филантропски акции. Оваа изложба, која ХОРУС ја реализира во соработка со здружението Петкамен и Brainster претставува воведен настан од кампањата „Време е за вистинско дело“ посветена на промоција на филантропијата и нејзината важна улога во развојот на заедницата во Македонија.
На изложбата ќе бидат преставени графички решенија – постери кои носат убедлив и ефикасен повик за акција, односно за поддршка на филантропските кампањи на четири здруженија: Проект Среќа TAKT – Together Advancing Common Trust Шепасти Ентузијасти – Pawsome Enthusiasts и ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, а кои се однесуваат на решавање на разни локални проблеми /потреби. Дизајнерските решенија се развиени низ заедничка работа на претставнички/ци на четирите здруженија и студентите на Академијата за графички дизајн на Brainster за време на онлајн хакатонот кој се одржа од 28-ми октомври до 6-ти ноември.
Изложбата можете да ја посетите во Europe House Skopje од 17-ти ноември до 1-ви декември секој работен ден од 9:00 до 16:00. Посетете ја и најдете инспирација и вие да го направите вистинското дело. Ви благодариме! Изложбата и кампањата „Време е за вистинско дело“ се реализираат во рамки на проектот “SIGN Up for Sustainability”, имплементиран од SIGN регионалната мрежа на фондации од Западен Балкан, финансиран од Европската унија и кофинансиран од Балканскиот Фонд за Демократија.