Д-р Маргарет Чан – Генералниот директор на Светската здравствена организација, вчера 13 Март, 2017, во Виена се обрати на 60-тата сесија на Комисијата за наркотични дроги.
„СЗО ги почитува мандатот на Комисијата како централен орган за креирање политики на ОН за опојни дроги, кои работат да ја надгледуваат примената на трите конвенции за наркотици. Како агенција за јавно здравство, СЗО се обврзува да ја продолжи својата улога во решавањето на критични јавни здравствени елементи во однос на проблемот со дрогите во светот.“-Д р Маргарет Чан
Канцеларијата на ОН за дроги и криминал е водечка организација директно одговорна за борбата против проблемот со дрогата во светот. СЗО става посебен акцент на заедничка работа за третман на зависност од дроги и грижа за корисниците на дроги. Всушност, СЗО заеднички со ОНКДК / УНАИДС го имаат созададено водичот за намалување на штети кој се користи како главна алатка од страна на земјите кои имаат усвоено јавно-здравствен пристап за намалување на штети предизвикани од употребата на дроги.
Минатиот месец, СЗО и УНОДЦ потпишаа меморандум за разбирање, кој води кон посилна структурирана и продуктивна соработка меѓу агенциите. Д-р Маргарет Чан се надева дека повеќе корисници на дрога ќе се канализираат преку системот на јавно здравство, наместо преку судовите и системот на кривичната правда.
Документите од самитот на Генералното собрание на ОН од минатата година покажуваат посветеност во однос на политиките за дроги, кои му даваат значење на потребите и решенијата за јавното здравје. Документот дава внимание на превенцијата од употреба на дроги и третмани за намалување на штети како мерки за минимизирање на негативните јавни здравствени и социјални последици од употреба на дроги, вклучувајќи програми за терапија базирани на лекови со помош и размена на опрема за инјектирање. Со други зборови, во терминологијата на СЗО: намалување на штети.
Финалниот документ од самитот го препознава огромниот проблем предизвикан од ХИВ, вирусен хепатитис и други заразни болести кои се пренесуваат преку интравенска употреба на дрога. Воедно ја адресира медицинските потреба на корисниците на дрога, вклучувајќи третман со антиретровирусна терапија за лица заразени со ХИВ, како и употребата на нови тераписки режими, за лечење на хепатитис Ц.
СЗО повикува политиките да бидат базирани на медицински и научни докази, а не на емоции или идеологија.