Денес повеќе од 15000 белоруси се затворени за прекршоци поврзани со дрога. Повеќето од овие луѓе се фатени со 1-2 г канабис. Тие се лишени од слобода за 5-8 години, сместени во ужасни услови во затворите, каде се понижувани од вработените и други осуденици и принудени на физички неплатена работа за државата.
Членот 328 во Белорусија, подразбира казна затвор до 5 години за производство, преработка, купување, складирање, транспорт или испорака на било кој износ на контролирана супстанција без намера да се дистрибуира, до 10 години со намера да се дистрибуира и до 25 години кога криминалот е сторен со отежнувачки околности.
8 години затвор е чест случај и употребуван термин за луѓе кои одат кај пријатели на гости и со себе носат 1г канабис за рекреативна употреба, и завршуваат со затворска казна, поради тоа што ова се смета за дистрибуција.
Додека големите дилери на дрога и државни службеници кои учествуваат во дистрибуцијата остануваат на слобода, потрошувачите и помалите улични дистрибутери се затворени со несоодветни услови.
Политиките за забрана на дроги, довело до широко распространета употреба на мошне моќни и екстремно опасни синтетички канабиноиди исто така познати како “зачини” или “К2”. Ниту медицинска, ниту индустриска употреба на канабисот на кој било начин не е легализиран во Белорусија.
Ова е причината, зошто на 27 април групата на мајки на осуденици на дрога, започнуваат штрајк со глад, барајќи личен состанок со претседателот Лукашенко. Покрај тоа, тие бараат формирање на комисија за разгледување на случаите од член 328 и да се направат измени на законот.
Извор: https://legalize.by/