Епидемиите на ХИВ и туберкулоза се урбанизирани, па успехот на одговорот на ваквите епидемии во земјата или во регионот во голема мера зависи од тоа колку добро се организираат програмите за борба против епидемиите во градовите. Пет градови – Алмати, Балти, Одеса, Софија и Тбилиси, се избарни во рамките на регионалниот проект имплементиран од страна на Алијансата за јавно здравје и неговите партнери со поддршка на Глобалниот фонд, кои ја презедоа задачата да ја сопрат СИДАТА и туберкулозата во рамките на нивните граници.
Одеса е градот во кој е регистриран првиот случај на ХИВ инфекција во Украина во 1987 година. Оттогаш поминати се 30 години. Тешко е да се замисли како Одеса би изгледала денес ако не прифатила третман за ХИВ-позитивните луѓе и ако програмите за намалување на штетите не започнале со работа.
За жал и покрај сите напори на државата, активистите и професионалците од невладините организации, епидемијата на СИДА во Украина сè уште не може да се надмине. Одеса е еден од петте градови на проектот EECA градови, каде што се спроведува видео истражување. Луѓето кои се во видеото се во улога на странски туристи чиј живот зависи од тоа како ќе бидат гостопримливи и професионални медицинските услуги на овој пристанишен град.
Луѓето кои стојат зад видеото велат: „Замислете дека сте проголтале отров и требало да го пронајдете противотрот во непознат град, меѓу странци, за само три дена. И можете да сметате само на себе! Ова е пример за тоа што ни се случи во Одеса. Во прилог на ова, ние ги снимивме сите наши авантури за вас.“
Секако сè завршило добро и поради ова истражување може да се стекне сознание за силните и слабите страни на услугите за корисниците на дрога во овој град.
Извор: http://drogriporter.hu/