Водич за граѓански организации од Западен Балкан кои работат со млади луѓе кои го напуштаат системот за алтернативна грижа

0

Децата и младите без родителска грижа низ целиот свет се соочуваат со големи потешкотии. Нејасните дефиниции за возрасните групи и системите за згрижување се само некои од тешкотиите при обезбедувањето услуги на оваа ранлива група. Меѓу корисниците на различни форми на алтернативна грижа, се забележува доминантна статистичка застапеност на оние со искуство со сиромаштија или социјално исклучување. Сепак, литературата и статистиката што ги идентификува сиромаштијата и социјалното исклучување како каузални индикатори за алтернативна грижа за децата, не се опширно истражувани и ретко се присутни. Ова укажува на потребата од заеднички пристап при создавање одржливи услуги за деца и млади низ Западен Балкан.

Направени се големи напори да се воспостават меѓународни упатства и стандарди за работа со деца и млади без родителска грижа. Упатства за планирање на системот на социјална помош и социјална заштита на деца и млади се применуваат во различни земји. Сепак, сè уште има значителни разлики во пристапите меѓу граѓанските организации во обезбедувањето услуги за деца и млади без родителска грижа. Слична организација на социјална заштита, но и тековниот процес на деинституционализација во земјите од Западен Балкан, укажуваат на потребата да се создаде заеднички регионален пристап кон стандардите и упатствата.

Процесот на деинституционализација е долготраен и може да биде одржлив само доколку се создадат услуги поддржани од биолошкото семејство на локално ниво и ако трајно се планира социјална заштита. Граѓанските организации имаат голем потенцијал во ова. Формирањето на стандарди и упатства за деца и млади без родителска грижа на Западен Балкан може да помогне во решавањето на овие прашања и да обезбеди потенцијално многу значајно влијание врз практиката на работа со деца и млади без родителска грижа.

Прочитајте го водичот ОВДЕ! Водичот е раеализиран преку проектот „ARISE – Социјално засилување на младите во ризик“. Група невладини организации со долгогодишно искуство во обезбедување поддршка на млади луѓе изложени на ризик од социјално исклучување се собраа со цел да ги подобрат политиките и практиките на владините и невладините организации во однос на различните групи на млади.

 

Leave A Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.