Во Ванкувер се отвори првата безбедна соба за инјектирање исклучиво само за жени. SafeSpace безбедната соба ќе функционира со помош на Ванкувер непрофитна организација која се бори за ставање крај на насилството врз жените. Центарот се наоѓа во аголот на Опенхајмер парк и е наменет исклучиво за жени и е прв од ваков вид во светот.
Џенис Абот која е извршен директор на здружение на жени „Atira“, објаснува дека идејата за безбедните соби за инјектирање се родила поради загриженоста околу тоа како некои жени жртви на насилство, стојат во исти чекални со своите силувачи и насилници или мажи на кои им должат пари. Многу често жените во исти простории со мажи биле нарекувани и курви и ѓубриња.
Според најновите податоци вкупниот број на смртни случаи од предозирање во Ванкувер стигнала до 488 луѓе во првите четири месеци од 2017 година. Затоа и потребата од отворање на безбедни соби за инјектирање била огромна. Во самите соби супервизорите во SisterSpace сајт, се обучени како да третираат предозирање, вклучувајќи давање на налоксон, дишење и кардиопулмонална реанимација.
Одзивот е одличен и жените како благодарност носат грицки и кафе и сокчиња за поддршката која ја добиваат. Тие може да го посетат центарот од 06:00 – 18:00 часот.
“Услугата е од особено значење за ранливите групи на жени, како оние кои се занимаваат со сексуалната работа“, вели д-р Патриша Дејли, главниот медицински офицер за здравје во VCH. “Многу е важна поддршката на оваа ранлива група, така што тие можат да имаат пристап до услугите кои ќе им ги спасат животот од предозирање”. – д-р Патриша Дејли