Во тек е Летната школа за зависности која ХОПС ја организира по осми пат. Школата се
одржува во Струмица и учествуваат млади стручни кадри – психолози, психијатри,
социјални работници и правници кои во текот на седумдневната едукација ќе научат за
програмите за лекување, ресоцијализација , намалување на штети од употреба на дроги,
како и вештини за работа со луѓето кои употребуват дроги. Денес во рамките на школата
се организираше посета на Терапискта заедница Покров.
Школата се реализира во рамките на проектот Подобрување на национлната политика за
дроги на Републка Северна Македонија поддржан со грант на регионалниот проект
СМАРТ Балкан – Граѓанското општество за поврзан Западен Балкан, кој го спроведуваат
Centar za promociju civilnog društva (CPCD) од БиХ, Центарот за истражување и креирање
политики (ЦИКП) од Северна Македонија и Институтот за демократија и Медијација
(ИДМ) од Албанија, а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи
на Кралството Норвешка.







