Свазиленд е земја со највисока ХИВ преваленца во светот, но епидемијата е ставена под контрола, бидејќе се повеќе луѓе пристапуваат кон третман на лечење и се вирусно потиснати. Новите ХИВ инфекции во Свазиленд се намалени за речиси една половина (44%) од 2011, и бројот на луѓе кои што се вирусно потиснати е повеќе од двојно, според податоците презентирани на Меѓународното здружение за ХИВ/СИДА на конференцијата за истражување за ХИВ во Париз.
73% од луѓето живеат со ХИВ во Свазиленд, и оние кои што се дијагностицирани и оние кои што не се дијагностицирани, сега имаат невидливо вирусно потиснување, односно тоа значи дека не можат да го пренесат на други. Статистиките предлагаат дека Свазиленд ги има достигнато целите на UNAIDS 90-90-90 за добивање на бројка од 73% на луѓе кои што се се вирусно потиснати. Наодите доаѓаат од втората студија за проценка на ХИВ/СИДА, Свазиленд ХИВ Анкета за мерење на инцидента и се првите кои што го покажаа влијанието на зголемувањето на “Третман за сите” во услови на високо оптоварување.
Според UNAIDS, околу 220,000 луѓе живеат со ХИВ во Свазиленд, и ја има највисоката ХИВ преваленца на глобално ниво со околу 27% во 2016 година. Податоците откриваат разлики помеѓу мажи и жени, односно има поголема веројатност да жените бидат вирусно потиснати отколку мажите т.е 76% наспроти 68%. Исто така забележан е значителен пад на други инфекции кај жените од 2011 до 2016 за 2,0% за возрасни жени и 0.9% за возрасни мажи. Млади луѓе под 25 години, имаат помала веројатност за да си го дознаат својот статус, за да пристапат порано кон третман и да бидат вирусно потиснати споредено со постарата генерација.
Наодите од Свазиленд ХИВ Анкета за мерење на инцидента се сведоштво за извонредната посветеност на Владата на Свазиленд за соочување со епидемијата на ХИВ”, изјави д-р Вафаа Ел-Садр, директор на Меѓународниот центар за програми за нега и третман на СИДА (ICAP) на Универзитетот во Колумбија . “Тоа е демонстрација дека сите напори што се вложени во размената на услугите за превенција, грижа и третман на ХИВ имаат плод”. ФИА се составени од национални истражувања засновани на домаќинства кои имаат за цел да го измерат статусот на националниот ХИВ одговор во голем број приоритетни земји во ПЕПФАР. На Свазиленд сега се приклучи и Зимбабве, Малави и Замбија, како земји кои постигнаа добар напредок кон целите за брзи движења на 90-90-90, објави на крајот од минатата година.
Извор: www.avert.org