– „ХИВ позитивните пациенти постојано се жалат на недостаток на лекови”;
– „Центарот за ХИВ на Архангелск ќе остане без сопствена канцеларија”;
– „Бројот на ХИВ-позитивни мигранти се зголемил за 15 пати во последните пет години”;
– „Најчестите смртни случаи меѓу затворениците во Русија се од ХИВ“.
Ова се дел насловите по руските медиуми за ХИВ, кои се објавени само во текот на последните неколку недели. Проблемот со ситуацијата со ХИВ неодамна е признаен на највисоко државно ниво, каде конечно е одлучено да се креира државната стратегија за превенција од ширење на ХИВ во Русија до 2020 година.
Ситуацијата со ширењето на ХИВ, нејзината превенција и третман во Русија се влошува. ХИВ инфекцијата особено е распространета кај ранливи групи: интравенозни корисници на дрога, сексуални работници, мажи кои имаат секс со мажи и мигранти.
Оваа ситуација во Русија е забележана веќе подолго време. Постојаниот пораст на нови случаи во земјата е регистриран од 1998 година. Во периодот 2011-2016 година, годишниот пораст во просек изнесувал 10%. Пред неколку недели, Федералниот центар за СИДА ги објави информациите за состојбата со ХИВ во Руската Федерација од 31 декември 2016 година. Вкупниот број на регистрирани случаи на ХИВ инфекција меѓу граѓаните на Руската Федерација достигнал 1.118.815 лица. Од крајот на годината имало 870.952 ХИВ позитивни руски државјани. Притоа, во 2016 година, кај руско население се регистрирани 103.438 нови случаи на ХИВ инфекција (стапка на морбидитет од 70,6 на 100k поединци), што е за 5,3% повисока отколку во 2015 година.
Сто илјади нови случаи секоја година!
Според новиот извештај на УНАИДС, бројот на нови регистрирани случаи на ХИВ инфекција од 2010 до 2016 година се зголемил за 75% а со тоа Русија е “движечка сила” на епидемијата во регионот на EECA – во 2016 година таа изнесувала 81% од новите случаи на ХИВ. Важно е да се спомене дека покриеноста со ХИВ третманот во земјата е малку повеќе од 30%. Според глобалната стратегија усвоена од Светската здравствена организација, во здравствениот сектор за ХИВ 2016-2021 година за престанок на епидемијата на ХИВ, неопходно е да се идентификуваат околу 90% од можниот број на ХИВ инфицирани лица и да се обезбедат не помалку од 90 % антиретровирусна терапија за пациентите инфицирани со ХИВ.
Историски гледано, главната група зафатена со епидемијата на ХИВ меѓу популацијата во Русија се интравенозните корисници на дрога. Според некои проценки (УНОДЦ, 2009), преваленцата на ХИВ кај ЛИД во Русија е повеќе од 37%. Тоа значи дека постои концентрирана епидемија кај оваа популациона група. Во периодот од 1987 до 2008 година, имало околу 79,78% случаи на ХИВ инфекција поврзани со употребата на интравенозни дроги. Стапката за сексуалното пренесување брзо се зголемува во последниве години. Во 2016 година, кај 48,7% регистрирани случаи, факторот на ризик бил хетеросексуалниот пренос. Сепак, инјектирачкиот начин на пренос е постојано огромен – 48,8% во 2016 година.
Постојат неколку ефективни програми како што се “намалување на штети” и супституциона терапија, кои се научно докажани начини на превенција на ХИВ во светот. Покрај тоа, тие помогнаа да се намали ширењето на ХИВ меѓу ЛИД во Украина. Сепак, горенаведените програми не се поддржани од страна на државната стратегија за превенција на ХИВ во Русија.
Различни службеници на ниво, од “специјалисти” до министри, продолжуваат да даваат изјави со кои се демантира ефективноста на овие програми. Воедно се даваат изјави од типот дека метадонот е лага измислена од западните фармаколошки компании. Во меѓувреме, социјалните установи кои се занимаваат со профилакса на ХИВ кај ЛИД и други социјални групи се наведени како странски агенти. Само во 2016 година Министерството за правда регистрирало седум такви организации.
„Тешко е да се разбере од што е предизвикана таква долготрајна тврдоглавост на властите во Русија и зошто одбиваат да прифатат ефективни мерки за превенција од ХИВ. Најверојатно, причината лежи во рускиот конзервативен политички изглед. Врз основа на традиционалните и општествените вредности, политичарите не прифаќаат такви социјални групи како корисници на дрога и ЛГБТ заедница. Ова доведува до неуспеси и занемарување во почитувањето на правата на потрошувачите, вклучувајќи ги и здравствените права“. – Иван Варенцов, вработен во Фондацијата Андреј Рилков, Русија
Извор: http://www.afew.org