Вмрежување

Блиску соработувајќи со медиумите, невладиниот и владиниот сектор, како и со меѓународни агенции, ХОПС стана член и соработник во повеќе иницијативи во локални, национални, регионални и меѓународни рамки со тоа што стана: 

  • Член и Раководител на областа за намалување на штетите од употреба на дроги при Координативно тело за дроги на Град Скопје;
  • Основач на Локалниот експертски центар за дроги на Град Скопје;
  • Еден од основачите на Коалицијата за намалување на штетите од употреба на дрога за Југоисточна Европа и организатор на Првата Конференција за намалување на штетите за Југоисточна Европа која се одржа во Скопје на 10-ти декември 1999 година;
  • Основач на Македонската мрежа за намалување на штети;
  • Основач на Коалиција ‘‘Сексуални и задравствени права на маргинализирани заедници‘‘;
  • Член на Националниот координативен механизам (НКМ) уште од неговото основање во 2003;