Канцеларијата на Владата на Чешка, се воздржува од преместување на агендата за дрога под Министерството за здравство, откако доживеа јавен притисок преку петицијата на GoPetition и поддршката на повеќе земји.
Според Законот за надлежност, владината канцеларија треба да ги извршува задачите кои се поврзани со експертските, организациските и техничките аспекти на работата која што ја врши Владата на Република Чешка и нејзините тела.
Согласно ова, како би била поефикасна работата која шо ја извршува владината канцеларија, Секретаријатот на Советот на Владата за координирање на политиките за дроги од сега натаму ќе биде под Министерството за здравство, заедно со премиерот кој ќе продолжи да претседава со Советот.
Ова не бил единствен ваков чекор, во текот на минатата година, владиниот совет за координирање на борбата против корупцијата бил преместен под Министерството за правда, а агендата за социјално вклучување била под Министерството за регионален развој.
Согласно експертско мислење, дека овој чекор би можел да ја намали важноста на агендата за дроги и дека дискусијата за оваа одлука се уште била во тек, владината канцеларија одлучила да го суспендира овој чекор.
Секретаријатот на владиниот совет за координација на политиките за дроги, кој што бил раководен од националниот координатор за дроги, сепак ќе остане под владината канцеларија.