Бидејќи светот е потресен од КОВИД-19, оние нај маргинализираните, стигматизираните и криминализираните и понатаму се втурнати во сиромаштија, на сериозна штета на нивното здравје и човековите права.
Сексуалните работници не само што се сериозно погодени од пандемијата КОВИД-19, туку и од итните одговори на владите кои, во многу контексти се казнувачки, прекумерни и/или дискриминаторски. Амнести Интернешнл ги повикува владите да преземат насочени активности за решавање на различното влијание на КОВИД-19 врз сексуалните работници и да го заштитат нивното здравје и други човекови права, вклучително и преку решавање на клучните прашања што сексуалните работници ги покренале од почетокот на КОВИД-19 , како што е нивно исклучување од шемите за социјална и економска поддршка, зголемување на криминализацијата и недостаток на заштита од насилство и намален пристап до здравствени услуги.
Прочитајте го извештајот ТУКА.