Високо потентните синтетички опиоиди како фентанил и неговите деривати се сè поголема загриженост во Европа. Од 2009 година, откриени се 57 нови синтетички опиоиди на европскиот пазар на дроги вклучително осум пријавени за прв пат во 2019 година. Во 2019 година само два од овие опиоиди биле деривати на фентанил. Ова е прв пат да се идентификуваат повеќе нови нефентанилни синтетички опиоиди отколку деривати на фентанил (EMCDDA, 2020a). Новите синтетички опиоиди претставуваат голем ризик од предозирање кај потрошувачите, бидејќи тие често се многу помоќни од „традиционалните“ опиоиди како хероин.
Во Соединетите држави, предозирањето со дроги е водечка причина за смрт кај Американците на возраст под педесет и пет години, а синтетичките опиоиди (главно фентанил и неговите деривати) се одговорни за повеќето од овие смртни случаи. Исто така, во Канада бројот на смртни случаи поврзани со синтетички опиоиди е многу висок.
Постои зголемена загриженост дека слични случувања може да се појават и во Европа. Смртните случаи поврзани со фентанил се зголемуваат во некои европски земји во последниве години (ЕМЦДДА, 2019а). Бидејќи Европа е мозаик од различни земји, култури и здравствени системи, европските земји можат да се обидат да научат едни од други искуства. Проектот SO-PREP има за цел да ја зајакне подготвеноста и одговорот на европските земји на заканата и потенцијалната штета од потентните синтетички опиоиди.
Целта на овој извештај е да ги истражи постојните стратегии и добри практики на подготвеност за справување со потенцијална синтетичка опиоидна криза во Европа и да ги идентификува потребите и предизвиците и да предложи препораки за зајакнување на подготвеноста за синтетички опиоиди на земјите-членки на ЕУ.
Целиот извештај можете да го прочитате го ТУКА!