Погледнете го нашето ново видео од акцијата РеУпотреби го умот. Со ова видео ве повикуваме вас, совесни и активни сограѓани, да ја дадете вашата поддршка и да придонесете за позитивни промени во нашето општество. Со нарачка на некои од продуктите на видеото, вие придонесувате и ја помагате работната интеграција на луѓето од маргините. Сите активности и продукти кои досега ги направи тимот на оваа акција, имаат еколошки пристап и носат радост на секој кој ги поседува.
Продуктите на видеото се создадени како дел од акцискиот гранд „Креативна акција за општествени промени / граѓански ангажман на луѓето во социјален ризик“ , кој е поддржан од Цивика Мобилитас, чија цел е општествена интеграција и социо-економско зајакнување на луѓето во социјален ризик во Скопје, преку нивно активно вклучување во активности во локална заедница. „РеУпотреби го умот“ има за цел да влијае на свеста на околината, овозможувајќи учество во креирање и реализирање на идеите за квалитетно заедничко живеење, еднакво за сите.
Ве повикуваме да не следите во наредниот период, каде ќе имаме повеќе детали на кој начин би можеле да не` поддржите и да купите некое од нашите дела.