„Ви благодарам Град Скопје, што ни овозможувате да доаѓаме во центарот на ХОПС. Да се дружиме со нови другарчиња и да играме различни игри. Што ни ветувате на Нас и се грижите за Нас и ни давате среќа и многу Љубов.“
Многу фала,
Лука.
Ова е само една од пораките и честитките на дечињата по повод посетата на претставници од Секторот за јавни дејности, Одделение за социјална, детска и здравствена заштита на Град Скопје. Тие го посетија Дневниот центар за рехабилитација и ресоцијализација за лица кои употребуваат дроги. Дечињата кои го посетуваат центарот, беа израдувани со 20 новогодишни пакетчиња. Истовремено беше одржана и креативна работилница каде беа изработени честитки посветени до донаторите со топли желби за Новата година.
Целокупниот впечаток е позитивен, како за вработените така и за клиентите и гостите кои имаа прилика да се запознаат со работата на центарот, ангажираноста на тимот и успешноста на овој центар кој постои од септември 2012 година и работи секој ден од понеделник до петок, од 11 до 16 часот. Во Центарот најголема помош и поддршка добиваат лицата кои употребуваат дроги, преку психосоцијална поддршка од психолог и психијатар, како и правни услиги, а во самиот центар се одржуваат образовни и креативно активности. За децата е обезбедена педагошка и психосоцијална поддршка, како и активнсти за поттикнување на креативниот потенцијал.
Сите оние кои имаат потреба од советување од психолог или психијатар, оние кои имаат дете на кое тешко му оди училиштето или воопшто не оди на училиште поради некои причини, и не знаат како да постапат со своето дете. Некој корисник на дрога кој не знае да чита и да пишува или има слободно време и сака да биде дел од креативната работилница може да се обрати на 5112-684 , и да станат дел од програмата на Дневниот центар за рехабилитација и ресоцијализација.