Денес ја објавуваме првата вежба, која ја работеа сексуалните работници/чки на креативната работилница за аудио подкаст од 11- 13 септември во Велес.
Една од целите на работилницата во Велес беше осмислување и продукција на дигитален продукт, односно подкаст преку кој сексуалните работници/чки ќе работат на подигнување на видливоста на сопствените потреби и проблеми и ќе допринесат во менување на негативната перцепција на сексуалните работници и сексуалната работа.
Ова е само вежба, но затоа stay tuned за подкастот што допрва доаѓа!
Оваа работилница е организирана во рамки на проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“ кој се спроведува во периодот јануари 2020-јули 2021 година од страна на ФООМ, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп, а е финансиски поддржан од Европската Унија.
Содржините на подкастот се единствена одговорност на авторот и на ниту еден начин не ги изразува гледиштата на Европската Унија.