ЖЕНЕВА, 13 март 2019 – Извештајот објавен од страна на УНАИДС покажува дека и покрај падот на бројот на нови ХИВ инфекции на глобално ниво, ХИВ-инциденцата не се намалува кај луѓето што инјектираат дрога (1,4 проценти во светот во 2017 година). Извештајот, исто така, покажува дека 99 проценти од луѓето кои инјектираат дрога живеат во земји кои не обезбедуваат соодветно покривање на услугите за намалување на штети од употреба на дрога.
“УНАИДС е многу загрижен поради недостатокот на напредок кај луѓето што инјектираат дрога, што се должи на неуспехот на многу земји да ги применат доказите и пристапот заснован на човекови права во однос на употребата на дрога”, изјавил Мишел Сидибе, извршен директор на УНАИДС. “Со ставање на луѓето во центарот на вниманието и обезбедување пристап до здравствените и социјалните услуги со достоинство и без дискриминација или криминализација, многу животи можат да бидат спасени и бројот на новите инфекции со ХИВ драстично да се намалуваат”.
Новиот извештај на УНАИДС, Здравјето, правата и дрогите: намалување на штети, декриминализација и нулта дискриминација за луѓето кои користат дроги, покажува дека од 10,6 милиони луѓе кои инјектирале дрога во 2016 година, повеќе од половина живееле со хепатитис Ц, а еден од осум живееле со ХИВ. Во него се истакнува дека обезбедувањето на сеопфатните услуги за намалување на штети – вклучувајќи програми за стерилна опрема за инјектирање, третман за зависност од дрога и тестирање и третман за ХИВ – ќе имаат напредок во спречувањето на нови ХИВ инфекции кај луѓето кои користат дроги.
Меѓутоа, само неколку земји-членки на Обединетите нации го исполниле договорот од 2016 година, како што било наведено во документот за резултати од Специјалната сесија на Генералното собрание на ОН за проблемот со дрогата за да се воспостават ефикасни мерки за јавно здравство за подобрување на здравствените резултати за луѓето кои користат дроги.
Во извештајот било истакнато дека иако декриминализацијата за употребата и поседувањето на дрога за лична употреба го зголемува обезбедувањето, пристапот и прифаќањето на услугите за намалување на штетите од употреба на дрога, криминализацијата и тешките казни остануваат вообичаени. Се проценува дека еден од пет лица во затвор на глобално ниво се затворени за прекршоци поврзани со дрога, околу 80 проценти од нив се во затвор за поседување дрога само за лична употреба. Покрај тоа, во извештајот биле наведени 35 земји кои се уште ја применувале смртната казна за прекршоците поврзани со дрога.
УНАИДС, исто така, се залагал за целосно ангажирање на граѓанското општество како суштински извор на информации и да обезбеди мобилизација, застапување и услуги предводени од заедницата, особено на места каде репресивните политики и практики се нормални. Покрај тоа, УНАИДС повикувал на доволно финансиски средства за програмите за човекови права и здравствените услуги кои вклучуваат намалување на штети од употреба на дрога и услуги за ХИВ, социјалните поддржувачи и отстранување на стигмата и дискриминацијата поврзана со дрога и ХИВ.
Здравјето, правата и дрогите истакнуваат дека и покрај ефективноста напрограмите за намалување на штетите од употреба на дрога, инвестициите во мерките за намалување на штетите се далеку од она што е потребно за ефективен одговор на ХИВ. Во 31 земја со ниски и средни приходи кои пријавиле податоци за УНАИДС, 71 процент од трошоците за ХИВ услугите за лицата кои употребуваат дроги се финансирани од надворешни донатори.
Додека некои земји постигнале напредок преку примена на докази засновани на човекови права, повеќето од нив се уште заостануваат далеку зад себе. Пред министерскиот сегмент на Комисијата за наркотици, која ќе започне на 14 март 2019 година во Виена, Австрија, УНАИДС ги повикал владите да ги ревидираат и да ги насочат своите пристапи кон политиката за дроги, ставајќи ги луѓето во центарот на вниманието и поврзувајќи ги човековите права со јавното здравје.
УНАИДС посочил и збир на препораки за земјите што треба да ги усвојат, кои вклучуваат:
- Целосно спроведување на сеопфатно намалување на штети од употреба на дрога и ХИВ услуги, вклучувајќи програми за стерилна опрема, опиоидна супституциона терапија, поседување налоксон и простории за безбедно консумирање на дрога.
- Обезбедување на сите луѓе кои користат дроги да имаат пристап до превенција, тестирање за ХИВ, туберкулоза, Хепатитис и сексуално преносливи инфекции.
- Декриминализирање на употребата и поседување дрога за лична употреба. Онаму каде што дрогата останува нелегална, земјите треба да ги прилагодат и реформираат законите за да обезбедат дека луѓето што користат дроги ќе имаат пристап до правдата, вклучувајќи ги и правните служби, и нема да се соочуваат со казнени или присилни санкции за лична употреба.
- Преземање акција за елиминирање на сите форми на стигма и дискриминација со кои се соочуваат луѓето кои користат дроги.
- Поддршка на целосниот ангажман на граѓанското општество како извор на информации и да се обезбедат услуги предводени од заедницата, мобилизација и застапување, особено во места каде репресивните политики и практики се нормални.
- Инвестирање во програми за човекови права и здравствени услуги, вклучувајќи и сеопфатен пакет за намалување на штети и услуги за ХИВ, одговорите предводени од заедницата и социјалните поддржувачи.