Министерот за здравство, Венко Филипче на вчерашниот брифинг, ги информираше новинарите за придобивките од дисперзијата на Центарот за зависници во Кисела Вода.
Пациентите кои се решиле да се борат од зависноста од опојни дроги и да се справат со неа – тоа е голема човечка одлука која општеството, граѓаните и институциите мора да ја поддржат, изјавил министерот.
Со пунктовите гарантираме безбедна околина и професионална апликација на терапија на највисоко ниво, во точно определено време кога ќе се зема терапијата на лице место пред докторот. На овој начин ќе имаме помалку пациенти на еден центар кои полесно ќе доаѓаат до терапија, поголема контрола и секако подобро услови за сите. Едно од основните човекови и загарантирани права е секој граѓанин да добие здравствена заштита. Со дисперзираниот систем тоа и ќе го овозможиме. Здравствена заштита и услуга еднаква за сите, рекол министерот Венко Филипче на брифингот.