Drug Policy Network South East Europe и European Monitoring Centre for Drugs and Drug Addiction (EMCDDA), не канат да учествуваме на веб-семинарот што ќе обезбеди информации за новата стратегија за дроги на Европската унија.
Советот на Европската унија, на 18 декември 2020 година, ја одобри “Стратегијата на ЕУ за дроги 2021 – 2025 година”, во која се утврдуваат политичките рамки и приоритетите за политиката дроги. Стратегијата има за цел да обезбеди високо ниво на здравствена промоција, социјална стабилност и безбедност и да придонесе за подигање на свеста. Врз основа на оваа стратегија, Советот ќе изготви акционен план кој ќе утврди конкретни мерки за постигнување на овие приоритети.
Со оваа стратегија, ЕУ и нејзините земји-членки ја потврдуваат својата посветеност на пристапот заснован на докази, сеопфатен и балансиран помеѓу намалувањето на побарувачката и понудата на дроги, со зачувување на човековите права во неговото јадро. Во исто време, оваа стратегија ги користи научените лекции од кризата КОВИД-19 во областа на дроги и зазема ориентиран пристап кон иднината, промовирајќи истражување, иновации и предвидување за поефикасно реагирање на зголемените предизвици и нивно предвидување.
Вебинарот може да послужи како извор на инспирација за поддршка на сите вклучени во процесот на дизајнирање, спроведување и евалуација на стратегиите за дроги. Посебно е погоден за регионални креатори на стратегија за дроги, регионални групи на граѓанско општество, европски и други заинтересирани учесници.
Стратегијата на ЕУ за дроги 2021 – 2025 година ќе ја презентира Данило Балота, координатор – Институционални односи на ЕМЦДДА.
Исто така се очекуваме придонес од активисти на граѓанското општество. Комплетната листа на говорници ќе биде објавена пред одржувањето на веб-семинарот.
Вебинарот ќе се одржи преку Зум во среда на 24 март 2021 година со почеток во 13:00 часот по средноевропско време. Вебинарот ќе трае 90 минути.
Вебинарот ќе биде на англиски јазик, со превод на босанско-хрватско-црногорско-српски јазик.
Бидејќи бројот на учесници е ограничен, пријавете се до вторник 23 март користејќи го следниот линк >>>.