Видеото „Вакцината спасува живот“ има за цел да го зголеми бројот на вакцинирани лица од маргинализираните и ранливи заедници. Видеото вклучува пораки кои се креирани заедно со лицата од заедниците кои веќе го завршиле процесот на имунизација.
Видеото е овозможено од Влада на Република Северна Македонијапреку проектот „Унапредување на менталното здравје и заштита на здравствените и социо-економски права на маргинализираните заедници за време на пандемија“ реализирано од Здружение ХОПС-Опции за здрав живот Скопје.