Во текот на измината недела дневниот центар за поддршка на сексуалните работници и нивните семејства, во соработка со УНФПА – Фондот за население на Обединетите нации и МАГО-Македонска асоцијација на гинеколози и опстетичари овозможи бесплатни гинеколоши услуи за сексуалните раборнички и жените кои употребуваат дроги. Прегледите ги вршат гинеколози од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, при што се направени 14 гинеколошки прегледи.
Работата на мобилните гинеколошки амбуланти е овозможена со поддршка на Министерството за здравство, Македонското лекарско друштво, Црвениот крст и УНФПА – Фондот за население на Обединетите нации кои се носители на проектот и ја обезбедија целокупната медицинска опрема неопходна за функционирање на амбулантите.
Со мобилните здравствени услуги и превентивните прегледи ќе се намали инциденцата и смртноста од рак на грлото на матката. Во мобилната гинеколошка амбуланта се достапни и совети за родово базираното насилство и за планирање на семејството.