Отворањето на претстојниот, 11-ти по ред, фестивал „Ѕуница“ се случи во среда 19 април, во кино Милениум (ГТЦ), со почеток во 19,30 часот.
На отворањето, во 20 часот беше прикажан филмот „Заземи поза“ (Strike a Pose), а потоа следеше коктел со музичката група Чалгија саунд систем.
Останатите филмови, како и театарската претстава „Да го поздравиш и да ми го бациш“, ќе бидат прикажани во кино Фросина (МКЦ), додека затворањето на фестивалот во недела, 23 април, ќе биде во клубот Епицентар. Кликнете овде за да ја погледнете целосната програма на овогодишното издание на „Ѕуница“.