ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Никој не смее да ја повреди приватноста на твојот дом. Поточно, без твое одобрение никој не може да влезе во твојот дом, освен со судска одлука за спречување и откривање на кривично дело или заштита на луѓето.
Твоите писма, другите начини на кои комуницираш и твоите лични податоци се тајни и државата треба да ти гарантира сигурност на твоите лични податоци. Исклучок од ова е само ако е се води кривична постапка или ако се однесува на одбраната на државата.
[/accordion][accordion title=”ПРАВО НА ЛИЧЕН И СЕМЕЕН ЖИВОТ” load=”hide”]- Имаш право сам/-а да одлучиш кога и со кого ќе склучиш брак.
– Имаш право сам/-а да одлучиш дали ќе имаш деца, колку деца и со кого ќе имаш деца.
– Бременоста ја планираш заедно со партнерот/-ката.
– Ако сакаш да се заштитиш од бременост и од сексуално преносливи болести и инфекции, имаш право да користиш кондом.
Имаш право да абортираш во случај на несакана бременост.
Прекинување на бременост – Абортус
• Можеш да абортираш еднаш во годината, односно абортус не може да се изврши ако од прекинување на претходниот абортус не поминала една година.
• Можеш да абортираш до истекот на десетата недела од денот на зачнувањето, со твоја писмена согласност.
• Ако си малолетна и ако сакаш да абортираш твоите родители или старатели мораат да дадат писмена согласност.
• По исклучок можеш да ја прекинеш бременоста и по истекот на десетата недела од зачнувањето, како и пред истекот на една година од претходниот абортус (ако си имала претходно абортус), по твое барање и со твоја писмена согласност, ако:
• ако се утврди дека бременоста претставува опасност по твојот живот или ќе доведе до тешко нарушување на твоето здравје за време на бременоста, породувањето или по породувањето,
• ако се очекува дека детето ќе се роди со тешки телесни или душевни недостатоци,
• ако зачнувањето настанало како резултат на извршување на кривично дело: силување, обљуба врз немоќно лице, полов напад врз дете, обљуба со злоупотреба на положбата или родосквернавење и
• ако се утврди дека во текот на бременоста или по породувањето можеш да се најдеш во тешки, лични семејни, материјални или други прилики што негативно ќе влијаат врз твоето здравје.
Во постапката за одобрување и извршување на абортусот, здравствените работници се должни да го почитуваат:
• твоето достоинство,
• твоето право на приватност,
• твото право на информираност,
• твоето право да прифаќаш и одбиваш медицинска интервенција и доверливост на твоите лични податоци и твоите медицински податоци.
[/accordion][accordion title=”СЕКСУАЛНИ ПРАВА” load=”hide”]Сексуалноста е составен дел од твојата личност, без разлика на тоа дали си во интимна врска.
Сексуална ориентација е емоционална, физичка и сексуална привлечност со лице од различне пол, ист пол или од двата пола.
Сексуална слобода (Сексуална автономија) – ти располагаш со твоето тело и ти одлучуваш:
• дали ќе имаш секс,
• со кого ќе имаш секс, односно ти го бираш партнерот/клиентот,
• кога ќе имаш секс,
• колку ќе имаш секс,
• каде ќе имаш секс и
• како ќе имаш секс.
Сексуална приватност
• Никој нема право да те принудува да му кажуваш за твоето сексуално искуство.
• Никој нема право да те слика или снима ако не сакаш, ниту пак да ги прикажува твоите слики или снимки во јавност без твоја дозвола.
• Слободно можеш да го изразуваш твојот сексуален идентитет.
Сексуална сигурност
Имаш право да имаш секс без насилство, никој нема право да те допира по телото на места на кои не сакаш и никако никој нема право да те присилува на секс.
Ако сакаш да се заштитиш од бременост и од сексуално преносливи болести и инфекции, имаш право да користиш кондом.
Сексуална еднаквост
Никој нема право да те дискриминира поради ако твојот избор е да се занимаваш со сексуална работа или поради твојата сексуална ориентација.
Повредата на сексуалните права го зголемува ризикот од пренесување на ХИВ и други сексуално преносливи инфекции.
Ако имаш ХИВ и други сексуално преносливи инфекции имаш право на соодветна здравствена заштита, подеднакво како и сите граѓани.
[/accordion][accordion title=”ПРАВА ПРИ ПОЛИЦИСКИ ПРЕТРЕС” load=”hide”]Полициско службено лице може да те претресе тебе и твоето превозно средство, кога тоа е неопходно заради пронаоѓање на предмети за напад или за самоповредување или кога постојат основи за сомневање дека кај тебе ќе се пронајдат предмети кои потекнуваат од кривично дело или прекршок, траги на кривично дело или прекршок или предмети што можат да послужат во кривична или прекршочна постапка.
Под претрес на лица, превозни средство и багаж, се подразбира само надворешна проверка на облека и други предмети, автомобилот и багажот, никако не е дозволено полицискиот службеник да превзема дејствија за отворање и отпакување на места кои не се видливи. За вакви дејствија му е потребна ВАША СОГЛАСНОСТ, односно може да ги претресува само доколку ВИЕ, се согласите да ги отворите.
Претрес може да изврши само лице од ист пол, освен во исклучителни случаи кога е неопходен итен преглед на лице, заради одземање на оружје или предмет подобен за напад или самоповредување.
Доколку полициско службено лице без да ти каже зошто, на улица започне да те претресува тебе и твоето возило, тоа е противзаконит претрес. За вакво постапување, можеш да го пријавиш за кривично дело противзаконско вршење претрес (член 146 од Кривичниот законик)
[/accordion][accordion title=”ПРАВА ПРИ ПРИВЕДУВАЊЕ И ЗАДРЖУВАЊЕ” load=”hide”]Може да те приведат само врз основа на писмена наредба издадена од надлежен суд или распишана потерница согласно со закон. Приведување се врши во времето меѓу 6:00 и 22:00 часот. Надвор од ова време може да те приведат, само во случај кога приведувањето е нужно заради преземање на полициски работи кои не трпат одлагање.
Полицијата може да те приведе само ако:
• постои основано сомнение дека си сторил/-а кривично дело,
• постои основано сомневање дека определено лице сторило кривично дело,
• доколку притворот е неопходен за непречено водење на кривичната постапка.
Писмената наредба за приведување треба да содржи:
• име и презиме на лицето што се приведува,
• опис на кривичното дело и на законска одредба поради кои се врши приведување,
• основот поради кој се наредува приведување,
• службен печат и потпис од судијата кој го наредува приведувањето.
Полицискиот службеник треба да ти ја предаде наредбата и да те повика доброволно да одиш со него. Ако одбиеш да одиш доброволно, ќе те приведе присилно. Приведувањето ќе се изврши без претходно предавање на наредбата, само по исклучок, кога се очекува активен отпор.
Правосудната полиција може да лиши од слобода, без судска одлука, лице за кое постојат основи на сомневање дека сторило кривично дело кое се гони по службена должност, само ако постои опасност од одлагање и ако постојат причини за притвор, но е должна веднаш, а најдоцна во рок од шест часа да го изведе обвинетото лице пред надлежен судија на претходната постапка и за тоа да го извести јавниот обвинител.
При лишувањето од слобода, треба веднаш да те известат за причините поради кои си лишен/-а од слобода. Исто така треба веднаш или откако ќе се создадат услови да те поучат за:
• За причините поради кои си повикан/-а, приведен/-а или лишен/-а од слобода, на јазик што го разбираш и дека од тебе не може да се бара изјава.
• За правото на молчење.
• За правото насамо да се советуваш со адвокат и да имаш бранител по твој избор за време на испитувањето.
• За правото да известиш член од семејството или твое блиско лице.
• За правото на соодветна лекарска помош
На овие права може да се повикаш веднаш или во кое било време додека си задржан/-а.
По исклучок, Полицијата може да те задржи најмногу шест часа, за утврдување на идентитет, за проверување на алиби или од други причини е потребно да се соберат нужни податоци за водење на постапката. Во овој случај, мора во рок од шест часа да те доведат пред службеник за прифат, кој со решение ќе одлучи дали ќе те задржат или ќе те пуштат на слобода. Секое задоцнување, односно задржување повеќе од шест часа, мора посебно да се образложи.
Во полициска станица можат да те задржат најдолго 24 часа од моментот на лишување од слобода. По истекот на овој рок мора да те пуштат на слобода.
Во рокот од 24 часа мора да бидеш изведен/-а пред надлежен судија.
Доколку те задржат во полициска станица, службеникот за прифат составува посебен записник во кој се внесуваат податоци за денот и часот на лишување од слобода, причините за задржување, времето кога те поучиле за твоите права, знаци на видливи повреди, болест, ментални растројства и слично, кога е контактирано со семејство, бранител, лекар и слично; кој и кога разговарал со тебе; за ослободување или изведување пред суд и други важни податоци. Овој записник треба да го потпишеш, а доколку не сакаш да го потпишеш, службеникот мора да го образложи тоа. Записникот ти се врачува при пуштање на слобода или при предавање на судија на претходната постапка.
Судијата на претходната постапка по службена должност ја испитува законитоста на лишувањето од слобода и задржувањето и за тоа е должен да донесе решение. Доколку не си изведен/-а пред судија на претходната постапка, во рок од 30 дена од пуштањето на слобода може да бараш од судијата на претходната постапка да ја испита законитоста и за тоа да донесе посебно решение.
Приведување и задржување за извршен прекршок при самото вршење на прекршокот
Ако си затечен/-а при извршување на прекршок, полициски службеник може да те приведе и задржи без наредба на суд само ако не може да се утврди твојот идентитет, ако немаш престојувалиште, ако заминуваш во странство или ако постои опасност да продолжиш да го правиш прекршокот или да го повториш прекршокот. Задржувањето не може да трае подолго од 12 часа.
Ако при извршувањето на прекршокот си под дејство на алкохол или други психотропни супстанци, полициски службеник може да те задржи најмногу 12 часа, ако постои опасност да го повториш прекршокот или ако нема услови да те пренесат во здравствена установа.
Доколку полицискиот службеник при вршење на службата, те малтретира, те застрашува, те навредува или те понижува како личност и го нарушува твоето човечко достоинство, се смета дека тој/таа врши кривично дело малтертирање во вршење на служба, за кое се добива казна затвор од една до пет години.
Во случај ако полициски службеник ги прекрши твоите права, можеш да пријавиш во:
• Сектор за внатрешна контрола и професионални стандарди,
• Народен правобранител и
• Основен суд Скопје 1
Пред да се обратиш до овие институции можеш да побараш помош од ХОПС.
[/accordion][accordion title=”СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО” load=”hide”]Семејно насилство претставува секое малтретирање, навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психолошко, физичко или економско насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или став, вклучувајќи и закани за такви дејствија, спрема брачен другар, родители или деца или други лица кои живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство, како и спрема сегашниот или поранешен брачен другар, вонбрачен партнер или лица кои имаат заедничко дете или се наоѓаат во блиски лични односи, без оглед дали сторителот го дели или го делел истото живеалиште со жртвата или не.
Каде можеш да пријавиш?
Полициска станица
• Секогаш кога ќе пријавиш во полициска станица, полицискиот службеник е должен да излезе на место на настанот и да состави полициски извештај веднаш, а најдоцна во рок од 12 часа и да ти обезбеди соодветна здравствена заштита.
• Како жртва на семејно насилство, не треба да платиш за извршените медицински услуги и за издадената медицинска документација.
• Полицискиот службеник може во рок од 12 часа да достави предлог за изрекување на привремена мерка за заштита – отстранување на сторителот од домот, доколку процени дека животот и телесниот интегритет на жртвата се во голем ризик и доколку постои ризик од повторно повторување на насилството.
Центар за социјална работа
• Центарот за социјална заштита е должен веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа да презема мерки за заштита на жртвата од семејно насилство.
• Во случаевите кога како жртва од семејно насилство се појавува дете, Центарот превзема дејствија без разлика дали има согласност од родителите или старателите.
• Центарот, со согласност од жртвата може до надлежен суд да поднесе предлог за изрекување на привремена мерка за заштита.
Пред да се обратиш до овие институции можеш да побараш помош од ХОПС.
[/accordion][accordion title=”ПРИДРУЖНИК” load=”hide”]Ако си жртва на семејно насилство имаш право да избереш лице кое ќе те придружува во постапките пред сите институции.
За придружник можеш да избереш било кое возрасно лице, освен лицето кое е сторител на семејно насилство.
[/accordion][accordion title=”СЕКСУАЛНО НАСИЛСТВО” load=”hide”]Сексуалното насилство не преставува само силување, туку и сексуално вознемирување како:
• Допирање на места на кои не сакаш да бидеш допиран/-а.
• Штипкање.
• Галење.
• Сексистички вицови.
• „Комплименти“ кои прават да се чуствуваш непријатно и понижено.
Секој може да биде сторител на сексуално насилство врз сексуалните работници (клиенти, полициски службени лица, макроа/посредници, семејство, соседи, случајни минувачи и други).
Силувањето е кривично дело и сторителот се казнува со казна затвор од 3 до 10 години.
Доколку некој се обиде да има присилен секс со тебе:
• веднаш пријави во полициска станица и
• веднаш направи медицински преглед за да обезбедиш доказ за присилниот секс.
[/accordion][accordion title=”ДИСКРИМИНАЦИЈА” load=”hide”]Дискриминацијата претставува нееднаков третман. Никој не смее да те третира поразлично од другите само поради тоа што се занимаваш со сексуална работа, поради тоа што си жена, поради тоа што имаш различна сексуална ориентација и родов идентитет или поради тоа што употребуваш дроги.
Каде може да пријавиш?
• Дискриминацијата можеш да ја пријавиш во Комисијата за заштита од дискриминација и со покренување на судска постапка.
• Постапката пред Комисијата за заштита од дискриминација е бесплатна.
[/accordion][/accordions]