Во следните пет месеци ХОПС- Опции за здрав живот Скопје ќе го спроведува проектот „Унапредување на менталното здравје и заштита на здравствените и социо-економски права на маргинализираните заедници за време на пандемија”, кој е финансиски поддржан од Владата на РСМ.
Овој проект ќе допринесе за справување со последиците со кои маргинализираните заедници се соочуваат, а се предизвикани од пандемијата со КОВИД-19 преку овозможување на психо-социјална поддршка и правна помош за унапредување на нивното ментално здравје и заштита на здравствените и социо-економски права.
Со спроведување на активности предвидени во овој проект ќе се овозможи подобрување на здравствената состојба на маргинализираните заедници преку споделување на релевантни информации за заштита од КОВИД 19, точни информации поврзани со имунизација мотивирање за имунизација, психолошката поддршка за подобро справување со последиците по менталното здравје предизвикани од пандемијата, социјалната и правната поддршка ќе овозможат олесент пристап и заштита на до социо-економските и здравствените права на овие заеднци во време на пандемија..
Активностите се веќе во тек започнувајќи од месец август, а истите ќе се реализираат заклучно со месец декември 2021 година.