Апстракт
Како резултат на институционалните бариери, Ромите во Македонија што
употребуваат дроги се соочуваат со крајно ограничени можности за искористување на
личното право на социјална и здравствена заштита. Ограничениот пристап до услугите за
социјална и здравствена заштита го зголемува ризикот за нивното здравје и ги ограничува
нивните можности за лекување на зависноста од дроги. Запознавањето со нивните навики
за употреба на дроги, нивните здравствени практики и потреби за лекување може да
помогне за креирање на соодветни програми за намалување на побарувачката на дроги
меѓу Ромите и за успешно лекување на Ромите што употребуваат дрoги.
Целото истражување можете да го прочитате на МАКЕДОНСКИ и РОМСКИ јазик.