Вовед
Употребата на дрогите и градењето на соодветни политики и програми поврзани со дрогите не е исклучиво обврска само на националните институции и централната власт. Локалните власти, односно општините исто така имаат своја обврска како законска така и морална во креирањето на соодветен одговор кон прашањата на употреба на психоактивните супстанци.
Цел на анализата
Водејќи се од овие стратешки цели како и од законската обврска што ја имаат општините во насока на креирање на соодветен одговор кон прашањата на употреба на дрогите, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје спроведе анализа на клучните стратегии и програми на Градот Скопје и општините во градот Скопје со единствена цел да се утврди дали оваа законска обврска тие ја исполнуваат и дали темата на употреба на дрогите е дел од приоритетите на локалните политики. Дополнителна причина за оваа анализа е и праксата на Европските претпристапни фондови кои како критериум за аплицирање на општините за проекти ги одредуваат единствено темите и проблемите кои се препознаени како приоритети од соодветните стратегии или документи усвоени од советите на општините( на пример повикот од годишната ИПА програма за 2020 година ЕУ за општините: Подобрување на услугите на локалната власт преку иновативни концепти ) Затоа сакавме да ја утврдиме моменталната состојба на препознаеност на проблемот на употреба на дроги од страна на локалните самоуправи на територијата на Град Скопје.