Владата на Украина најави дека во 2017 година со пари од буџетот целосно ќе ја финансира националната програма за опиоидната супституциона терапија за лица кои употребуваат дроги. Клучна популација е населението кое е во поголем ризик од ХИВ инфекција. Околу 500.000$ ќе бидат наменети за да се овозможи 8.000 лица кои инјектираат дроги да имаат пристап до терапијата во 2017 година.
Украина обезбедува супституциона терапија веќе 12 години со финансиска поддршка од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија и техничка поддршка од УНАИДС и преку клучни партнерства со организации на граѓанското општество. Луѓето кои имаат хронични опиоидна зависност и учествуваат во програмата, добиваат метадоноска супституциона терапија (таблети или течност метадон) или бупренорфин таблети, воедно здравствените работници даваат секојдневна поддршка и советување.
УНАИДС оценува дека имало 16 000 нови ХИВ инфекции во 2015 година и 220 000 луѓе кои живеат со ХИВ истата година.