Која е целта на ова истражување?
Целта на оваа студија е да се разберат искуствата на луѓето и нивната мотивација за користење на психоделици, како што се ЛСД, псилоцибин (на пример, магични печурки), ДМТ и мескалин. Посебно се акцентира интересот на луѓе кои што имаат искуства со микродозирање на ЛСД или псилоцибин, кои имаат користено психоделици со цел да си помогнат во проблемите околу нивното менталното и физичкото здравје, зависноста од алкохол и други дроги.
Кој може да учествува?
Учесниците треба да имаат претходно искуство или во моментот користат психоделици ( за било каква намена ) и да се на возраст од најмалку 16 години. Учесници можат да бидат од целиот свет.
Што вклучува учеството?
Доколку се одлучите да учествувате во истражувањето, од вас ќе биде побарано да пополните онлајн прашалник. Прашалникот се состои од прашања во врска со вашите искуства и мотивации за користење на психоделици, какви било придобивки и тешкотии кои што сте ги доживеале, како и работите што сте ги направиле или моментално ги правите за да ги намалите шансите да доживеете некаква штета од нивното користење. Овој прашалник би ви одземал околу 15-20 минути за да го завршите.
Исто така од вас ќе биде побарано да ги внесете вашите податоци за контакт за да може да бидете иконтактирани за 6 месеци за да учествувате во следењето на анкетата. Доколку не сакате да ги внесете вашите податоци за контакт, можете да учествувате анонимно.
Кој го спроведува ова истражување?
Оваа студија ја спроведуваат следните истражувачи:
- Д-р Тоби Леа, Институт за истражување на зависности и превенција, Келн, Германија, и Центар за социјални истражувања во здравството, Сиднеј, Австралија
- Никол Амада, доктор на науки по психологија, Сити Универзитет во Њујорк, САД
- Д-р Хенрик Џунгабер, основач и извршен директор, МОНД Европска фондација за наука за психоделици, Берлин, Германија
- Д-р Хенрике Диркс, Одделот за зависност, ЛВР Клиниката Есен, Универзитет во Дуизбург-Есен, Германија
- Професор Даниел Димел, Институт за истражување за зависности и превенција, Келн, Германија
Оваа студија е финансирана од постдокторското научно друштво, Фондацијата Александар фон Хумболт, Германија. Студијата има добиено етичко одобрение од Универзитетот во Дуизбург-Есен (18-8215-BO). Му благодариме на Третиот бран, МИНД и психоделичните општества на меѓународно ниво за поддршка на ова истражување.
Кои се можните ризици и придобивки?
Не се очекува овој прашалник да предизвика никаква штета или непријатност. Меѓутоа, доколку почувствувате чувство на вознемиреност како резултат на учеството, можете да им дозволите на истражувачите да знаат и ќе добиете помош од нив. Исто така ќе има обезбедено некои линкови до веб-страниците кои обезбедуваат информации за безбедно користење на дрога и ментално здравје кои ќе може да ги најдете на крајот од истражувањето.
Резултатите од оваа студија ќе се користат за да се подобри знаењето за начините на кои луѓето ги користат психоделиците. Се надеваме дека оваа информација може да се искористи за да се обезбедат подобри информации и едукација за луѓето кои користат психоделици, без разлика дали тоа е за терапевтски, за само-зајакнување, рекреативни или други цели. Исто така овој прашалник би овозможил да се искористат резултатите за развивање на подобри политики и услуги за дрога за луѓето кои користат психоделици.
Како можете да ги дознаете резултатите?
Истражувачите имаат намера да ги објавуваат резултатите од студијата на различни начини, вклучувајќи ги и статиите во весниците, презентациите на конференции и сесии за повратни информации од заедницата. Сите објавени информации ќе бидат направени на начин што нема да откриваат нечив идентитет. Доколку сакате да добиете копија од резултатите, можете да ја дадете вашата емаил адреса на крајот од истражувањето.
Заштита на податоци
Доставувањето на онлајн прашалникот е показател за вашата согласност. Со кликање на копчето “Јас се согласувам да учествувам” вие давате ваша дозвола за истражувачите да собираат и да користат информации за вас, а кои ќе бидат искористени за целите и потребите на истражувањето. Податоците од истражувањето ќе бидат сочувани во формат кој не може да се идентификува на други сервери. Доколку ги дадете вашите податоци за контакт за да учествувате во некоја следна анкета, вашите податоци ќе бидат пронајдени преку вашата емаил адреса. Сепак, вашата емаил адреса ќе се чува целосно одделно во датотека заштитена со лозинка, која ќе даде сигурност дека вашите одговори остануваат строго доверливи. Вашата IP адреса нема да биде снимена и не може да биде видена од страна на истражувачите. Нема да се собираат никакви информации за вас што ќе дозволат да бидете идентификувани од трети страни. Емаил адресите ќе бидат избришани откако ќе заврши процесот на истражувањето. Податоците од истражувањето ќе се чуваат 10 години, во согласност со законските барања.
Доколку се согласувате да учествувате, може да се откажете во секое време. Можете да го направите ова со затворање на прозорецот на прелистувачот. Ако сте го пополниле прашалникот и ја внесовте вашата емаил адреса, можете да ги исконтактирате истражувачите и да побарате вашите податоци да бидат поништени.
Ако сакате да ја повлечете вашата согласност за учество, исконтатирајте го д-р Тоби Леа на следната е-маил адреса: t.lea@katho-nrw.de
Службеникот за заштита на личните податоци кој е одговорен за студијата е г-ѓа Урсула Сонтген, и може да ја исконтактирате на нејзнината е-маил адреса:u.soentgen@katho-nrw.de
Што доколку имате жалба или загриженост во врска со истражувањето?
Доколку имате жалба во врска со било кој дел од студијата или начинот на кој истата се спроведува, исконтактирајте го Комесарот на Северна Рајна-Вестфалија за заштита на податоци и слобода на информации на неговата е-маил адреса: poststelle@ldi.nrw.de
Доколку сакате да учествувате во оваа анкета, кликнете тука.