Вечерва со почеток од 20 часот, во ShortBus ве повикуваме да бидете дел од настанот каде што ќе цртаме акт со прекрасната Лила Милиќ.
За да станете дел од активноста треба да понесете разиграни мисли, материјал за цртање и 150 денари.
Цртежите ќе бидат изложени за продажба на настанот Повик за донација – „Која пудра најдобро покрива модрици?“ организиран од #ХОПС, на 1 јуни во BackYard Lounge Bar & Kids Area.
Благодарност до Доротеј и Маргарита.