Здружението ХОПС-Опции за здрав живот Скопје, Ве поканува да учествувате на тркалезна маса на тема “Улогата на локалната самоуправа во спроведувањето на здравствените и социјалните програми за граѓаните преку финансирање на граѓанските организации“.
Настанот ќе се одржи на 27.10 2021 на терасата на Хотел Александар Палас со почеток во 13 часот, а ќе биде пренесуван во живо на фејсбук страната на ХОПС.
Оваа трибина е дел од проектот „Граѓанските организации во Западен Балкан и нивната улога во обезбедувањето социјални услуги и превенција од социјална исклученост”, e финансиран од Sida- Swedish International Development Agency, преку Balkan Civil Society Development Network. #regionalhub
Агенда
➼ 13.00 – Воведен збор, Хајди Штерјова Симоновиќ – Извршна директорка, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје
➼ 13.05-13:25 Презентација на истражувањето “Граѓанските организации во обезбедување на социјална и здравствена заштита на локално ниво” – Јасминка Фришчиќ, Извршна директорка, ЕСЕ
➼ 13:25-13:45 Улогата на Локалната самоуправа во спроведувањето на здравствените и социјалните програми за граѓаните преку финансирање на граѓанските организации, Елеонора Панчевска, Раководителка на Одделение за социјална, детска и здравствена заштита, Град Скопје
➼ 13.45 – 14:30 Дискусија
Настанот ќе го модерира Влатко Деков